Лично многу ги сакам овошните сладоледи во кои се чувствува мразот исто како кај оние на стапче, па додадов 1 шолја замрзнати јагоди.

Овој сладолед можете да го приготвите со вкусот кој вам најмногу ви одговара, а потребни ви се само две состојки.

Потребни состојки:

200 мл слатка павлака за шлаг
2 овошни јогурти (од 180 г)

Постапка:

Во еден подлабок сад изматете ја слатката павлака во цврст шлаг. Потоа додадете ги овошните јогурти и со шпатула промешајте за да се изедначи смесата.

За пополн вкус, одвојте две лажици од смесата и ставете во блендер да се измикса заедно со една шолја замрзнати јагоди.

Изблендираните јагоди додадете ги во смесата и уште еднаш измиксајте со миксер за да се соедини со смесата.

Ставете во фрижидер да се замрзне 1,5 час, па можете уште еднаш да ја измиксате смесата и да го вратите сладоледот да се дозамрзне.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: