Мора да го пробате овој брз летен ручек од тиквички кој ги воодушеви сите и секогаш бараат репете!

Тиквичките се секогаш идеален избор за топлите летни денови, а популарните тиктокери Виторио и Габриелина открија нов рецепт за феноменален брз и вкусен ручек! Имено, божествениот вкус ќе ве маѓепса, а освен тоа, нема да се потрошите премногу. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 тиквички, 120 грама пршута или тенко сечено сувомеснато по избор, 100 грама кашкавал исечен на листови, лебни трошки/презла, пармезан, масло, сол и црн пипер по вкус

@in.piatto

La ricetta più buona dell’anno con una delle birre più amate la #forst1857 Ingredienti ⬇️ 2 zucchine 120 gr di prosciutto 100 gr di provola Pangrattato Parmigiano Olio, sale e pepe Cuoci in forno 180* per 20/30 minuti! #ricette

♬ Domani Ci Passa (acoustic version) – Ludwig

ПОСТАПКА: Исечете ги тиквичките по должина на тенки парчиња-лентички. Во посебен сад измешајте презла и пармезан, а во друг сад сипете масло, сол и црн пипер.

Прво натопете ја тенката лентичка-тиквичка во зачинетото масло, па во смесата со презла, па ставете лист кашкавал по вкус, лист пршута и убаво свиткајте го во ролатче.

Овие „рози“ од тиквички наредете ги на подмачкан сад за печење. Се пече 20-тина минути во рерна загреана на 180 степени. Деталите погледнете ги ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „СТАПЧИЊА ОД ТИКВИЧКИ: Без капка масло, толку многу се вкусни, секој ден почнав да ги правам“ – ОВДЕ.

СТАПЧИЊА ОД ТИКВИЧКИ: Без капка масло, толку многу се вкусни, секој ден почнав да ги правам