Во нашата група НМД рецепти, нашата драга Фемије Сулејмани повторно нè изненади со прекрасен рецепт.

Фото и рецепт: Фемије Сулејмани

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
200 мл млеко или јогурт
400 г брашно +- (или половина може интегрално)
1 прашок за печиво
½ лажиче сода бикарбона (за да не впива масло)
1 лажичка сол, малку буковец и зачини по вкус
130 г сирење
130 г кашкавал
(130 г шунка)- по желба
½ – 1 страк праз ситно сечкан, по вкус кој сака
1 лажичка оригано или сув магдонос

ПОСТАПКА:

Шунката, кашкавалот и сирењето се рендаат ситно. Празот исто така се сечка ситно.

Во поголем сад се матат јајцата и постепено се додаваат и другите состојки. На крај се додава и брашното, кое можете да го измешате и со интегрално.

Од сите состојки се замесува хомогено тесто, кое се остава да одмори 10-тина минути. Потоа се дели на две топки, кои со раката се развлекуваат и формираат во тркалезна кора со дебелина од половина сантиментар.

Се сечат тријаголници и се пржат во загреано масло од двете страни, па се редат врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија.

Служете ги топли, но вкусни се и кога се изладени.

Фото и рецепт: Фемије Сулејмани