Брз колач со вишни и чоколадо…Не само што ќе ве освои со вкусот, туку и со изгледот…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 јајца
150 г шеќер
1 прстофат сол
120 г брашно
30 г какао во прав
30 г скроб/нишесте/густин
1 лажичка прашок за печиво
калап 28х18 см, 30 минути на 180 степени
За фил од вишни:
500 г вишни
60 г шеќер (4 лажици)
За крем:
600 г крем сирење (маскарпоне/филаделфија…)
400 г слатка павлака
100 г шеќер или по вкус
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека да добиете густ крем.
2.Во друг саг пкмешајте ги сите суви состојки, па постепено додајте ги преку сито. Мешајте бавно со лажица или жица за да остане тестото пенливо.
3.Сипете го во калап 28х18 см обложен со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, половина час.
4.За тоа време сипете ги вишните во тава и заедно со шеќерот гответе ги 5 минути. Сочувате го сокот што го испуштиле за натопување на корите. Оставете го овој фил настрана да се лади.
5.Испечениот бисквит оставете да се олади, па поделете го на три тенки кори.
6.Во подлабок сад сипете го крем сирењето, ладната слатка павлака и шеќерот, па пенасто изматете со миксер додека да добиете нежен крем.
7.РЕДЕЊЕ: Во калап со обрач ставете ја првата кора и натопете ја со малку сок од вишни. Рамномерно распоредете крем, а врз кремот распоредете вишни. Повторно кора, сок од вишни, крем, вишни…
Завршете со кора и многу тенок слој крем. Оставете го колачот во фрижидер да се лади најмалку 4 часа. Потоа декорирајте ја со чоколадни струганици. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/SDr5U1v9CgU?si=SyVmRxoXq4wjVAAE