Многу брз и вкусен колач!

Потребни состојки:

4 јајца
1 чаша млеко
1 чаша масло
1 чаша гриз
1 чаша остро брашно Т-400
2 чаши шеќер
2 чаши мелени ореви

За сируп:

600 мл вода (3 чаши)
2 чаши шеќер
½ лимон

Постапка:

1.Прво направете го сирупот за да има време да се олади, додека го приготвувате колачот.

Измешајте вода и шеќер, па ставете на оган да зоврие. Оставете да вари 5 минути, па додајте половина лимон исечен на тркалца. Уште малку нека проврие па тргнете на страна да излади.

2.Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени.

Јајцата изматете ги пенасто со шеќерот. Не е потребно да матите со миксер, но ако ви е полесно, може.

3.Во изматените јајца додајте ги прво течните состојки, а потоа и сите суви состојки, една по една и матиме додека да се изедначи.

4.На крај додајте ги мелените ореви.

5.Плех со димензии 36х23 см (може и помал ако сакате повисок колач или поголем за понизок) намастете го и набрашнете го, па во него излејте ја смесата и израмнете.

6.Ставете да се пече на 180 – 200 степени околу 35 минути.

7.Печениот колач штом го извадите од рерна прелијте го со сирупот.

8.Оставете убаво да излади и да го впие сирупот, па после неколку часови послужете.