Брза торта со јаболка, а состојките се мерат со чаша. Вкусен десерт, мек како пена. Брза и едноставна подготовка, не ви треба дури ниту миксер. За мерење се користи чаша од 200 мл. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 1 чаша шеќер, 1 чаша гриз, 1 чаша мелени ореви, 1 чаша млеко, половина чаша масло, 2 јаболка со средна големина, 2 лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво 12 г, цимет/ванилин шеќер, половина чаша сечкани ореви, 4,5 лажици џем.
Оваа количина е за калап 20х20 см. Моја препорака е да ја удвоите мерката за колачот кој се пече во калап 24×24 см.
ПОСТАПКА: Јајцата скршете ги во подлабок сад, додајте го шеќерот и матете рачно додека шеќерот почне да се растопува. Додајте чаша гриз, промешајте, а потоа чаша млеко и половина чаша масло.
Сето соединете го. Потоа додајте чаша мелени ореви и изрендани јаболка. Промешајте, па додајте половина чаша сечкани ореви, две полни лажици брашно, една кесичка прашок за печиво и една кесичка циметов шеќер (или ванила).
Добро изедначете, па смесата излејте ја во намастен и набрашнет калап со големина по ваш избор (ако користите поголем калап колачот ќе биде понизок и пократко ќе се пече, а ако користите помал, колачот ќе биде повисок).
Израмнете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 20-30 минути. Печениот колач одозгора премачкјате го со 4-5 лажици џем по избор и посипете го со сечкани/мелени ореви.
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.