Многу вкусно и сочно, сигурна сум дека ќе ви се допадне. За сите љубители на гризот и шербетот, ова е комбинација од кори за баклава и шербет, но под корите се крие крем од гриз. Пробате го, ќе се изненадите колку е вкусно.
Потребни состојки:
4 листови кори за пита, 1 литар млеко, 200 мл масло, парче путер, 375 г пченичен гриз, 4 јајца, 500 г кисела павлака, 4 лажици шеќер
За шербет: 800 г шеќер, 600 мл вода, 1 ванилин шеќер
Постапка:
Сварете го млекото заедно со 200 мл масло и малку путер и 4 лажици шеќер. Кога состојките ќе се соединат и растопат, тргнете го садот од оган и додадете 375 г гриз, постојано мешајќи.
Внимавајте да не ви останат грутчиња, а гризот додавајте го постепено. Кога смесата ќе излади, додадете претходно изматени јајца заедно со кисела павлака. Добро промешајте додека да добиете компактна смеса.
Намастете го плехот, па ставете 2 кори така да преминуваат преку рабовите на плехот, а на дното ставете уште една кора. Секоја кора прскајте ја со малку масло.
Истурете го филот преку корите, прекријте го филот со корите што излегуваат преку работ и одозгора ставете уште една кора.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. Кога убаво ќе зарумени питата извадете ја и оставете ја на страна целосно да се олади.
Потоа прелијте со врелиот шербет: провријте ја водата со шеќерот и ванилин шеќерот и варете неколку минути додека шеќерот целосно да се растопи. Пред служење добро изладете.
coolinarika.com