Овој колач им припаѓа на оние старинските кои ги правеа нашите баби и мајки. Едноствно се матат неколку состојки кои редовно сите ги имаме во кујна, па нема потреба да излегуваме до продавница за набавка на некои специјални продукти.
Количината и не е нешто голема, се приготвува во класичен плех со димензии 30х20 см и користите само две јаболка кои одлично го освежуваат колачот и му даваат сочна нота.
Кај нас се изеде до попладнето, што и не е така лошо, зошто следниот ден може да направиме нешто ново, некој поинаков колач за сладење. Овој колач со јаболка мириса на цимет и извонредно е мек и сочен. Пробајте го. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 15 лажици шеќер, 12 лажици млеко, 12 лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво од 10 г, 2 поголеми јаболка или 3 помали, цимет по вкус и шеќер во прав за наросување на колачот
Јаболката ако се органски не мора да ги лупите, во спротивно излупете ги и исечкајте ги на тенки плочки (прво на половина, па отстранете го тврдиот средишен дел со семките, па со постапвување врз даска, исечкајте го јаболкото на тенки плочки). Може да ги испрскате со лимонов сок за да не потемнуваат.
ПОСТАПКА: На самиот почеток вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени, бидејќи овој колач навистина многу брзо се приготвува. Изматете ги јајцата со постепено додавање на шеќерот.
Матете додека тој да се растопи и смесата да згусне и побели (може и да ги одвоите белките од жолчките, па откако ќе добиете цврст снег, во него да ги додавате жолчките една по една, додека непрекинато матите).
Потоа додајте млеко, масло и повторно сè изматите. На крај додајте го брашното помешано со прашокот за печиво, и убаво соединете во хомогена смеса. матете со најмала брзина на миксерот или мешајте со лажица/шпатула.
Намастете го плехот со димензии 30х20 см и наросете го со малку брашно (а вишокот истресете го). Излејте половина од приготвената смеса, распоредете рамномерно и израмнете. Одозгора наредете ги плочките од јаболко, накосо, така што секоја следна налегнува до половина на претходната.
Наросете цимет врз јаболката, а доколку сакате можете да ставите и во тестото. Преку јаболката изјте ја втората половина од тестото и малку протресете за да се израмни и рамномерно да се распореди.
Ставете да се пече во загреаната рерна на 180 степени, околу 25 минути, во зависност од рерната. Колачот со јаболка оставете го да се олади, па одозгора наросете го со шеќер во прав, исечете го и послужете го. На здравје сладење. / domaсireceпti.соm