Се чини дека сè повеќе расте побарувачката на рецепти за брз ајвар за кој не треба печење, лупење и пржење на пиперките. Целата постапка е брза, но освен во вкус и квалитет, се добива и на квантитет.
Намазот приготвен на овој начин не гyби голем дел од своите нутритивни состојки, а се добива и поголема количина.
За таа цел одвоивме неколку рецепти проверени и испратени од наши читателки, па доколку сакате и вие да ги испробате, запишете си ги. Еве како се приготвуваат:
„Не ја фотографирав постапката, бидејќи да бидам искрена, овој ајвар не го правев јас. Мојата свекрва има пиперки во бавча и како што зреат пиперките, така таа си бере и го прави овој брз ајвар.
Досега сигурно има направено 4-5 тури од овој брзински ајвар и ние го јадеме цела есен и зима. Рецептот го знае напамет и еве, ми го издиктира додека пиевме кафе, па си реков да ви го проследам, да не си го трошите времето со печење и пржење…
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3,5 кг пиперки црвени, може и некоја зелена (исчистени од петелки и семки), 2 лажици сол, 2 мали шолјички шеќер, 2 капачиња есенција (или 2 лажици оцет), 1 кесичка конзерванс, 1-2 мали главици лук и 400-600 мл масло (ако пиперките се меснати, може и повеќе).
ПОСТАПКА: Пиперките измијте ги, избришете ги и исчистете ги од петелките и семето. Измерете количина од 3,5 кг. Исчистените пиперки наредете ги во плех и ставете ги во топла рерна. Температурата треба да биде таква да можат пиперките само да омекнат, 10-15-тина минути, а не и да се печат.
Внимавајте да не ви поцрнат, потребно е само малку време. Омекнатите пиперки веднаш сомелете ги, не мора да ги чекате. Ако пуштат сок, исцедете го. Додајте ги сите наведени состојки и убаво промешајте за да се соедини. Маслото загрејте го и излејте го врз површината за да „зацврчи”.
Повторно промешајте за да се впие во ајварот, па складирајте го во чисти тегли. Ајварот има одличен вкус, не ви е потребна голема количина, а и нема некоја посебна иcцpпyвачка работа, па повелете пробајте. Совет: Ако ви се погодиле воденести пиперките, тогаш исцедете ги пред да ги сомелете за да не биде редок ајварот.
РЕЦЕПТ 2 – ЗА АЈВАР БЕЗ ЛУПЕЊЕ, СО ДОДАТОК ОД МОДАР ПАТЛИЏАН И ФЕФЕРОНИ – Овој брз рецепт не бара лупење на пиперките како што тоа е вообичаено за традиционалните рецепти за ајвар.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 кг ајвар, 2,5 кг модар патлиџан, 750 мл масло, 5-10 феферони – по вкус, 500 мл алкoxолен оцет, 2,5 литар вода, 3 лажици сол, 3 лажици шеќер и 1 лажица црн пипер во зрно
ПОСТАПКА: Измијте го зеленчукот. Пиперките исчистете ги од дршките и семките, па сè исечкајте на коцкички. Во тенџере со ладна вода ставете оцет, сол, шеќер, црн пипер во зрно и фефероните.
Кога водата ќе зоврие ставајте од сечканите пиперки и патлиџани и почекајте повторно да зоврие. После 2-3 минути вриење, вадете ги со решеткаста лажица (ако правите поголема количина, ова правете го на повеќе наврати, додека да ги потрошите сите пиперки).
Зеленчукот оставете да излади, па сомелете го во мултрипрактик/блендер. Смесата ставете ја во тенџере, додајте масло и гответе го на околу 2 часа на умерена температура со континуирано мешање.
Ајварот можете да го зготвите и во рерна на 180 степени, околу 3,5 часа. На секои половина час потребно е да го извадите тенџерето од рерна и внимателно да го промешате ајварот.