Откако за првпат го објавивме овој рецепт, бројни читатели на НМД.мк се јавија за да упатат благодарност со многу позитивни искуства и резултати по примената на овој природен лек.

Упатуваме ограмна благодарност до жената што го сподели рецептот, бидејќи навистина, на многумина им помогна. Еве ја оригиналната сторија и рецептот, како и неколку од коментарите на читателите кои ги споделија сопствените искуства:

“Здраво, ова е стар ама испробан лек за искашлување на лепливата слуз кај деца и возрасни, која се смета како главен виновник за почетен бронхит… Ова е добро средство кое помага да не се спушти густата леплива слуз.

Овој рецепт ми го даде уште пред 12 години една жена, сега веќе моја драга пријателка која работи во аптека. И беше жал за мојата ќерка која тогаш беше многу малечка и едвај дишеше, се мачеше со искашлувањето, а никаков сируп што ќе ни препишеа не ни помагаше.

Аптекарката ми рече: пробај, ова е од мојата баба…и благодарам многу на нејзината баба, се’ уште го користам овој природен лек.

Потребни состојки за возрасни:

500 г ливадски мед (може и посилен), 1 лимон – сок, 3 лажици ленено семе, 1 лажица семе од бел синап

Потребни состојки за деца над 3 години:

500 г багремов или некој друг светол мед 1 лимон – сок, 2 лажици ленено семе, 1 лажички семе од бел синап

Постапка:

Леленото семе и синапот сомелете ги во прав. Исцедете сок од еден поголем лимон (или два помали), па додадете го во тегла со мед.

Добро промешајте за медот малку да се разреди. Во разредениот мед додадете ги мелените зачини и мешајте добро за медот да ги впие состојките.

Поклопете и оставете во фрижидер.

Употреба: 3х1 лажичка на ден за деца, а за возрасни 3х1 супена лажица. Поради лимоновиот сок смесата мора да се чува во фрижидер. Овој природен лек секогаш го земам штом почне да ме гребе грлото.

КОМЕНТАРИ:

Коментар на Снежана Јовановска: “Овој лек го имам пред 28 години и ден денес го кажувам на тој што му е потребен, посебно кој страда од бронхопневмонија и бронхит после примената на овој лек плуќата е кристал чиста без никаква трага од пневмонија или бронхит.

Овој рецепт ми го даде аптекарка во Билна аптека во Кисела вода кога имавме мака со бронхопневмонија за 7 дена сè се повлече со кристално чиста плуќа каде на контрола педијатрите се чудеа како може да е кристално чисто за болест која многу тешко се лекува во тоа време. Поздрав до сите..”

Коментар на Rodna Georgieva: “Испробан рецепт помага одлично”

Коментар на Nevrija Demir: “Јас го користам веќе 20 години, излечив бронхијална астма со овој лек.”

Коментар на Лила Јанковска: ”Лекот е супер само што јас користам жолт синап и со сигурност помага на здравје”

Коментар на Христина Оги Маневски: “Истиот лек го прави мајка ми и навистина е ефикасен, јас го имам јадено, ниту инјекции не ми помагаа, само леков”.