Старите словени брезата за сметале за свето дрво. Тие верувале дека поседува способности да ги истерува лошите духови, па поради тоа колевките за своите деца ги правеле од брезино дрво. Уште пред 5000 години луѓето џвакале брезина смола, бидејќи е одлична против разни воспаленија во устата. Смолата содржи фенол, карболна киселина која е силен антисептик.
Брезовиот сок е богат со шеќери, па со негово готвење се добива вино. Сокот и виното се одличен лек за атеросклероза како и за лекување дебелина.
Брезата е богата со сапонини, танини, есенцијални масла, бетулин, сахароза, витамин Ц… претставува природен антибиотик и диуретик. Се користи за уринарни инфекции, бидејќи му помага на телото да ги исфрли течностите, а притоа не ги оптеретува бубрезите.
Ова свето стебло може да ги смири воспаленијата, стомачните проблеми, ја подобрува циркулацијата и го намалува нивото на лошиот холестерол. Се користи во третмани за слабеење и за решавање на проблеми со целулит.
Сокот треба да го пијат лица со кожни проблеми и инфекции на уринарниот тракт. Се пие трипати дневно по 100 мл. Децата треба да земаат половина од дозата.
Сокот од бреза се собира од возрасни дрва, рано напролет пред да се развијат пупките на изданоците. Се буши мало дупче со пречник околу 1 см, и исто толкава длабочина, на висина од 1 метар над земјата. Се поставува дрвена инка или некоја цевка (да не е метал), и се прицврстува стаклено шише или друг соодветен сад(емајлиран, дрвен) за собирање на течноста.
Од едно стебло се собира околу 4-5 литри дневно.
Сокот треба да се чува во фрижидер, но не смее да се замрзнува! Кога ќе се заврши со собирањето на сокот, дупчето треба да се затвори со дрвен клин, а надворешно да се покрие со кал или глина. Истото дрво не смее да се буши многу често, затоа што ќе се намали неговата отпорност на габични инфекции.
Свежиот сок од бреза претставува природен регулатор при бубрежни заболувања, алергија, костоболки, ревматизам, за закрепнување од болести и за подмладување.
Постојат повеќе рецепти и упатства како најуспешно да се исползува брезата, односно нејзините листови, смола, сок или кора.
Во борбата против губиток на коса, односно ќелавоста – се користи брезов лист. Потребни ви се 20 грама свежи листови и 200 мл зовриена вода. Листовите исечкајте ги и сварете ги. Течноста покријте ја и оставете да излади. Додадете малку сода бикарбона и почекајте 6 часа. Процедете и нанесете на глава. Повторете ја постапката после 4 часа.
Уште една супер течност се приготвува од пупките на брезата.
Потребни ви се околу 200 пупки кои треба да се варат во вода додека половина од течноста да испари. Пијте го овој сок во текот на денот на секои 4 часа, а добар е за реума, против срцев удар или за слабеење.
И брезината кора е корисна. Можете да ја исечете и да ја сварите. Процедена се пие доколку имате проблем со чир или со дигестијата воопшто.