Home закуска Брашно, сол и вода за овие вкусни пирошки со сирење…Меурести и меки...

Брашно, сол и вода за овие вкусни пирошки со сирење…Меурести и меки како душа

Пирошки со сирење – меки и вкусни

Овие пирошки со сирење се вистинска домашна утеха, совршени за секоја прилика.

Нивното меко тесто и богат фил од сирење ги прават неодоливи, а подготовката е едноставна и пријатна.

Следете го овој рецепт за да создадете вкусна закуска што ќе ги освои сите, пишува НМД. Еве шро ви е потребно:

Потребни состојки

За тестото:
20 г свеж квасец
1 лажичка шеќер
400 мл млака вода
600 г брашно
2 лажички сол
1 лажица масло (за домесување)
масло за пржење
НМД

За филот:
200 г бело сирење (ситно изронето)
2 лажици кисело млеко
НМД

Постапка

1. Во длабок сад изронете го квасецот, додајте го шеќерот и млаката вода, па промешајте додека квасецот целосно се раствори.

2. Постепено додавајте го брашното измешано со солта и замесете меко, малку лепливо тесто. Откако тестото ќе се соедини, додајте една лажица масло и нежно домесете го за да стане мазно и да престане да се лепи.

3. Покријте го тестото со чиста крпа и оставете го на топло место да ферментира околу еден час или додека да го удвои волуменот.

4. По ферментацијата, нежно премесете го тестото за да се ослободи воздухот. Со намастени раце поделете го на 13 еднакви топчиња и распоредете ги на намастена површина.

5. Секое топче сплескајте го со дланка за да добиете круг. Во средината ставете една лажичка од филот, подготвен со мешање на сирењето и киселото млеко.

Преклопете ги краевите на тестото од двете страни кон средината, а потоа свиткајте го во форма на ролничка за да се задржи филот внатре.

6. Загрејте масло во длабока тава на средна температура (ниво 6-7 на шпорет). Пржете ги пирошките од двете страни додека не добијат златнокафеава боја.

7. Готовите пирошки извадете ги на кујнска хартија за да се исцеди вишокот масло. Послужете ги топли.

Овие пирошки се идеални за уживање со чаша јогурт или како лесна закуска во текот на денот. Добар апетит! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: