Брадавиците се кожни инфекции предизвикани од човечкиот папиломен вирус (ХПВ – хуман папилома вирус), а нивниот изглед и величина зависат од тоа каде се наоѓаат, бидејќи можат да го променат изгледот поради трауматизација и иритација на кожата.
Брадавиците можат да се појават било каде на телото, но имаат тенденција да се појавуваат на топли и влажни места, како што мали исеченици или гребаници на прстите, рацете и нозете.
Обично се безболни, освен ако се појават на табаните, па одењето го прават неудобно.
Брадавиците може да се појават на било која животна возраст, но најчесто се јавуваат кај децата, а може да се јават како резултат на пренесување на вирусот од човек на човек, односно преку допир.
Брадавиците може да се поделат на кожни фиброми и вирусни израстоци кои настануваат како последица на ХПВ.
Доколку на кожата ви се појавиле кожни фиброми, тогаш не е потребно веднаш да започнете со лекување, бидејќи не се безопасни и претставуваат само естетски проблем.
Меѓутоа, ако имате вирусни брадавици, тогаш неопходно е лекување за да го заштитите своето здравје.
На Интернет можете да пронајдете многу совети како на природен начин да се ослободите од брадавиците, а оваа тинктура-природен лек- се издвојува од сите, бидејќи на сите им помогнала.
Всушност, станува збор за жолтото “млеко” кое го испушта билката росопас: се мачка брадавицата и се остава да делува некое време. Постапката се повторува додека брадавицата да исчезне.