БОЖИЌНИ КОЛАЧИ КРЕШЕНТИ…Задолжителни на божиќната и новогодишната трпеза…Рецепт на Драгана Пушица. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г путер на собна Т
350 г меко брашно Т-400
150 г шеќер
3 јајца
20 г ванилин шеќер
150 г мелени ореви

За фил растопете на ниска Т:
100 г чоколадо со мин 45% какао
50 г путер

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете го путерот со шеќерот и ванилата. Од двете јајца одвојте ги жолчките и додајте ги путерот заедно со уште 1 цело јајце. Соединете со миксер. Постепено додавајте го б рашното и замесете меко тесто.

Тестото завиткајте го во фолија и оставете го да отстои во фрижидер 1 час. Од отстојатното тесто правете топчиња, валајте ги во белките изматени со виљушка, а потоа во мелени ореви. Редете ги во плех обложен со хартија.

Печете ги во 20 минути во загреана рерна на 180 степени. Печените кекси оставете ги целосно да се оладат, па спојувајте ги по две со чоколадниот фил.

КРЕШЕНТИ-ОРАСНИЦИ: Тоа се моите омилени колачи од детството

Рецепт за СТАРИНСКИ ОРАСНИЦИ И КРЕШЕНТИ, фини и вкусни, а излегуваат многу од една смеса