Фото и рецепт: Линда – Божиќна торта со неодолив мирис и многу суво и кандирано овошје. По избор можете да користите овошје какво што сакате, но можете да го искористите и мојот предлог.
Потребни состојки: 220 г брашно, ¼ лажичка сол, ½ лажичка цимет, ½ лажичка кардамом, ½ чажичка каранфилче, 200 г путер или маргарин, 2 лажици мед, 1 лажица џем, ½ лажичка екстракт од ванила, 4 јајца
И уште е потребно: 800 г суво овошје (јас ставив по 200 г суво грозје, суви сливи, суви кајсии и суви смокви), 100 г кандирана кора од портокал, 100 г кандирани вишни/цреши, 100 г сечкани бадеми, 250 мл сок од портокал, 2-3 лажици рум, 200 г шеќер
Постапка: Сувото овошје (освен бадемите) натопете ги во сок од портокал и рум, па оставете ги преку цела ноќ да киснат. на тој начин ќе се ароматизираат и рехидрираат.
Следниот ден изматете го путерот со шеќер, додавајте едно по едно јајце и матете додека убаво да се соедини. Додадете ги зачините, медот, џемот и брашното. Промешајте.
Потоа додадете го натопеното суво овошје и бадемите, па лесно со лажица промешајте. Ако останало вишок течност, исцедете го овошјето, но не премногу. Тоа треба да биде влажно и набубрено.
Смесата излејте ја во калап за торти, претходно обложен со хартија за печење, па протресете и израмнете. Калапот е најдобро да биде со средна величина, па доколку одберете помал, тогаш тортата ќе биде повисока, а ако одберете поголем, тогаш таа ќе ќе биде потенка и пониска.
Божиќната торта печете ја во претходно загреана рерна на 150 степени околу три часа. Поради влажната конзистенција на овошјето, потребно е тортата да се пече подолго време, за да испарат сите течности и да добие на мекост и ровскот.
Кога ќе се испече не ја вадете веднаш од хартијата, туку добро завиткајте ја во фолија, па ставете ја во некој сад со капак, кој можете да го затворите и чувајте ја во фрижидер.
Колачот можете да го испечете уште отсега, а да го послужите за Божиќ. Потребно е само еднаш седмично да го полиете со 1-2 лажици сок од портокал и 1 лажица рум за да ја одржувате неговата свежина.
Овој колач обично се приготвува 3-4 седмици пред Божиќ за да може убаво да зрее, но исто така, можете да го направите било кога и веднаш после печењето да го послужите. Колачот е превкусен.
coolinarika.com