Секој што ги сака и одгледува цвеќињата знае дека оразлични видови растенија се садат во одредени периоди од годината. А еден од најважните периоди за садење во секоја градина е токму есента.




За да може да се ужива во убавината на цветната градина следната пролет, голем број цвеќарници ги започнуваат подготовките уште во септември, особено кога станува збор за повеќегодишните растенија кои се садат наесен.




Со садењето на трајни растенија наесен се стекнувате со можност да имате прекрасни цветни леи за релативно ниска цена и работна сила. Причината за тоа е што растенијата есено време полека „заспиваат“ и влегуваат во хибернација, прилагодувајќи се за студените зимски месеци.




Со почетокот на пролетта, по процесот на навикнување на новите услови и зајакнување, новите билки се се подготвен и да ги засочат своите сили за интензивен раст и обилно цветање. Аконит, клематис и адонис се прекрасни цветни трајни растенија кои ја откриваат својата убавина доколку се насадат наесен.




Есента е добар период кога може да се проценат и повнимателно да се размислат различните композиции, како и да се подготви почвата и садниот материјал. Покрај тоа, почвата која е загреана од летното сонце, полесно се обработува. Навлажнета од дожд, не бара наводнување по садењето.




Октомври е време на подготовка за помирно време во природата и не се смета за сезона за садење цвеќиња. Сепак, октомври е идеален месец за садење широк спектар на цвеќе што може да и даде на вашата градина неколку бои и мириси.




Луковици

Луковиците се повеќегодишни растенија кои имаат месести, подземни структури кои складираат хранливи материи за време на мирниот период на растенијата. Луковиците може да се стават во две категории: пролетни кои цветаат во пролет и есенски кои цветаат наесен.

Есенската сезона е време кога многу градинари садат пролетни луковици, бидејќи им треба време за да се развие нивниот коренов систем пред првите мразови. Луковиците не треба да се садат додека температурата на почвата не падне под 15 степени.




Цвеќиња толерантни на мраз

Растенијата отпорни на мраз можат да преживеат тешки услови со мало или никакво оштетување. Ледениот цвет е еден од нив, а ова растение е украсено со розови и виолетови цвеќиња.




Кукурек е цвеќе кое може да цвета на температура под замрзнување и е украсено со цвеќиња во форма на чаша што се потпираат надолу. Тоа е повеќегодишно растение кое е лековито, но и отровно. Златица има жолти цвеќиња кои се појавуваат на врвот на високите стебленца на цвеќето. Расте на сонце, а може да живее и под сенка.

Едногодишни цвеќиња

За разлика од повеќегодишните, едногодишните цвеќиња обично уми-раат кога ќе се појави мраз. Сепак, неколку видови едногодишни растенија може да се садат на есен.




Наречени издржливи едногодишници, овие растенија претпочитаат постудена сезона, но им треба време да се формираат пред да започне студеното време. Ден и ноќ и петунии се само некои од овие видови цвеќиња чии семиња можете да ги засадите на почетокот на октомври.




Цвеќиња кои цветаат наесен

Во есен, кога повеќето растенија го завршуваат својот животен циклус, овие растенија цветаат и ве наградуваат со нивните форми, бои и мириси. Меѓу нив има хризантеми, далии, астери.

Што се однесува до хризантемите, тие имаат грмушкаста форма, повеќето сорти не се високи и цветаат до ноември (одредени сорти). Цветовите можат да бидат со различни бои и форми и целосно да го променат вашиот двор на есен.

Далиите се многу украсни цвеќиња и цветаат од јуни до почетокот на октомври. Астерите припаѓаат на повеќегодишни растенија и многу лесно се одгледуваат и цветаат до ноември.