Не смее да се игнорира ниедна болка, а особено не онаа која се јавува во ‘рбетот! Секоја болка е аларм дека нешто лошо се случува во организмот и мора навремено да се реагира за да се реши проблемот.
Болката во внатрешниот или надворешниот дел од стапалото често укажува на тоа дека постои сериозен проблем со ‘рбетот. При движење, болката започнува од долниот, лумбален дел на ‘рбетот, се шири преку нозете и преминува кај стапалата.
Доколку овој проблем не се реши навремено, може да дојде до оптоварување на нервот во стапалата.
Најчести болести кои се поврзуваат со болката во стапалата се дискус хернија, деформитет на коските, фрактура, ишијас и тумор.
Кај дискус хернија помеѓу четвртиот и петтиот лумбален прешлен (L4/L5), најчесто е преоптоварен коренот L5, така да болките во овој случај се јавуваат во внатрешниот дел, а кога дискус хернијата е присутна помеѓу петтиот и првиот сакрален прешлен (L5/S1) потфатен е коренот S1, па така, болката се јавува во надворешниот дел од стапалото.
Почетнoто оптоварување се јавува во ‘рбетниот мозок и нервните корени, што предизвикува болка и вкочанетост. Оттука болката преминува во лумбалниот дел од ‘рбетот, задникот, нозете и се движи кон стапалата.
За време на спиењето, болката најчесто не е присутна, но при одредена активност или пешачење болката се појавува и се инензивира.
Со зголемување на физичката активност се зголемува и болката во стапалата, додека пак при мирување таа целосно исчезнува. Доколку проблемот со ‘рбетот се отстрани, тогаш и потешкотиите во стапалата ќе исчезнат.
Во некои случаи, ако болестите во ‘рбетот не се третираат навремено, може да дојде до преголемо оптоварување на нервот во стапалата и да дојде до трајно оштетување.
Ако се случи такво нешто, тогаш овој проблем преминува во рацете на хирурзи и други специјалисти од оваа област.
Освен што може да дојде до оштетување на стапалата, исто така, понекогаш се појавуваат проблеми од сосем поинаков карактер.
Тие проблеми можат да бидат реума, дијабетес, васкуларни проблеми или деформитет на коските во стапалата. Затоа, потребно е навремено да се оди на преглед на ортопед или физијатар, да се направат потребните испитувања за да се утврди точниот извор и причината за настанатите тегоби.