Проблемите со проширени вени вклучуваат и тегоби како што се болки, отоци и чувство на тежина во нозете. За да се ублажат овие тегоби и да се поттикне циркулацијата, може да помогне магдоносот.

Потребни состојки:

3-4 супени лажици сечкан свеж магдонос
200 мл зовриена вода

постапка:

Магдоносот убаво измијте го ладна вода, оставете да се исцеди и исуши, па ситно исечкајте го. Прелијте го 200 мл врела вода и оставете го поклопено додека да излади целосно.

Кога ќе се излади целосно, процедете го и течноста излејте ја во калапи за мраз и оставете да смрзне. Се користи по потреба.

За лесна масажа (без притискање) се мачкаат болните места и воспалените вени во времетраење од 10 минути. Со коцката мраз директно се поминуваат зафатените места.

Постапката можете да ја проследите на видео каналот: