Веднаш после оброк се јавува б олка во желудникот проследена со подригнување и гасови, а испробаните разни прашоци и лекови за таа намена, не покажуваат долгорочни резултати. Ако и вие го имате истиот проблем, пробајте го следниот природен лек, чиј рецепт можете да го прочитате во продолжение на текстот.




За овој рецепт потребни ви се само две состојки, а од нив се приготвува вкусен напиток, кој всушност е успешен природен лек за желудник, без никакви штетни нусефекти. Веќе после три дена се чувствува големо подобрување. Рецептот е брз и евтин, секој може да си го приготви.




Од подуен стомак и б олки во желудникот после јадење, стра-даат огромен број луѓе, за што се препорачува посета на лекар. Причините може да бидат различни, па затоа најдобро е да е да направат потребните лабораториски анализи.




Како причина може да се јави внес на преголемо количество на желудникот, со што се преоптоварува, недоволни желудочни киселини кои не можат правилно да ја сварат храната, воспалена желудочна слузокожа поради бактерија и слично.




Исхраната игра огромна улога. Сета таа брза храна и индустриски преработената храна полни со трансмасти, неповолно делуваат врз здравјето на гастроинтестиналниот тракт. Затоа, мора секој индивидуално, според својата здравствена состојба да си ја прилагоди исхраната.




Нутриционистите и лекарите секогаш препорачуваат да се јаде најмногу свежо овошје и зеленчук што е одлично, но додека да се смират гасовите и подувањето во стомакот, некогаш е подобро да се направи пауза со внес на растителни влакна.




Важно е да се пијат многу течности со што ќе се помогне алкализација и хидратација на организмот. Еден од напитоците чиј рецепт ќе го прочитате во продолжение, ќе ви помогне да го решите проблемот со желудникот. Станува збор за чај од ловоров лист и лимон.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 ловорови листови, кора од 1 лимон (органски, непрскан) и 500 мл вода. Зошто токму овие состојки?

Ловоровиот лист има способност да го сми-ри нер-возниот желудник и спречува подување на стомакот после јадење. Доколку ви се јавува б олка во желудник откако ќе испиете некој лек, како што се аспирин, бруфен и кафетин, напијте се чај од ловоров лист.




Лимоновата кора обично ја фрламе, и во тоа грешиме. Има позитивно дејство врз работата на црниот дроб, ја подобрува перисталтиката на цревата, го јакне имунитетот и делува врз нер-вниот систем.

Кората од лимон има најсилно дејство врз лекување на желудникот, бидејќи помага кај рефлукс. Кората од лимон спречува враќање на желудочната киселина во хранопроводникот. Кога овие две состојки ќе се искомбинираат заедно, нивното дејство им се засилува и стануваат уште поефикасни.




ПОСТАПКА: Најпрво е потребно лимонот да се испере во раствор од сода бикарбона. Во еден сад со вода растворете половина или цела лажичка сода бикарбона, па ставете го лимонот и оставете го да отстои 15-20 минути. Потоа убаво измијте го под млаз ладна вода.




Потоа лимонот исечете го и внимателно излупете му ја кората. Во тенџере со половина литар вода ставете ја лимоновата кора и додајте два цели ловорови листови. Гответе на тивок оган со повремено промешување, околу 5 до 10 минути. Не дозволувајте напитокот силно да зоврие.

Потоа целата содржина од тенџерето префрлете ја друг сад и поклопете. Оставете вака да отстои 20 минути. Процедете и додајте по желба уште малку лимонов сок. Се пие полека, во голтки, секое утро, на празен стомак и како дигестив после некој обилен и масен оброк. Може да се пие до трипати дневно. После три дена ќе ви биде многу подобро. После тоа направете пауза седум дена.