Ренот спаѓа во списокот на најздравите намирници кои многу погодно делуваат врз здравјето на организмот. Ренот е корен кој потекнува од јужна Европа и западна Азија и главно се користи како зачин на Западот и некои источни кулинарски традиции. Изобилува со голема количина на витамини и минерали, а тоа го прави една од најздравите и најпожелните намирници.
Ренот е многу богат со каротен, хлорофил, фосфор, сулфур, магнезиум, хлор, калиум, калциум, но многу е важно да се напомене и дека е одличен извор на витамин Ц. Поради сето набројано, ренот може да ја подобри состојбата на целиот организам и да ублажи некои здравствени тегоби.
При консумирање на ренот треба да се има во предвид дека тој содржи натриум кој никако не е поволен за дијабетичарите. Луѓето со пореметена функција на бубрезите, исто така треба да го одбегнуваат консумирањето на ренот. Ренот го зајакнува ИМУНИТЕТОТ.
Нутриционистите се уверени дека освен што ќе останеме во форма, со редовна консумација на ренот го активираме сопствениот имунилошки систем, кој е нашата одбрана од сите видови болести. Изотиоцијанатот кој се наоѓа во ренот поттикнува активација и јакнење на имунолошкиот систем и го подобрува производството на леукоцитите од чиј број зависи од бројот на слободните радикали.
Исто така, врз имунитетот многу поволно влијае и големата количина на витамин Ц. Може да ги ублажи симптомите на артритис и остеопороза – калциумот и магнезиумот се есенцијални минерали задолжени за изградба на коските кои можат да ги ублажат симптомите кои предизвикуваат артритис и остеопороза.
Ренот е многу богат со овие минерали, па поради тоа се препорачува во исхраната на сите кои имаат генетска предиспозиција кон развивање на вакви коскени заболувања. Ја подобрува работата на цревата – Употребата на ренот во исхраната доведува до правилна работа на дигестивниот тракт и подобро здравје на цревата.
Успешно се бори и против бактериите – Алил изотиоцијанат е антибактериска супстанција која се наоѓа во ренот и таа е способна да ги елиминира бактериите. Освен ова соединение во ренот се наоѓа и значителна залиха на манган, кој помага во нормалната функција на клетките во телото.
Еве како сами да си направите рен за зимница или за секојдневна употреба. Ренот е екстра здрава намирница и многу важен борец против грипот и настинките. Затоа е важно да си го сочувате и да го користите преку цела зима. Ова е еден рецепт и упатство како да го сочувате коренот на оваа многу лековита билка.
Проблемот со ренот е во тоа што обично тој на многумина им е пресилен и затоа го одбегнуваат. Едно од решенијата е да го изрендате, исцедите, да го исперете во една или две води, па повторно да го исцедите. Тој рен измешајте го со домашна павлака и јадете го како салата.
Рецепт за рен со јаболка – Ова е уште една верзија за “послаб” рен. Потребни состојки: 130 г корен од рен и 150 мл јаболков оцет. Постапка: Секако, по желба можете и да ги зголемите количините. Ренот изрендајте го рачно или со сечкалка за храна или во блендер.
Ставете го во претходно стерилизирани теглички. Прелијте го одозгора со јаболкова киселина, промешајте и оставете го во фрижидер до 12 месеци. Се користи како салата или како додаток на јадењата. ЗАМРЗНУВАЊЕ на ренот: Постојат повеќе начини за приготвување на ренот за зимница, а еден од начините е да го замрзнете.
Пожелно е да користите вакуумски апарат, кој ќе го извлече воздухот и ќе помогне ренот да ги задржи здравите масла, по кои е толку познат. Значи, корењата рен добро исчистете ги и исечкајте ги на мали парчиња, ставете ги во кесички и затворете ги со помош на вакуумски апарат. Чувајте го во замрзнувач до година дена.
Рецепт за СОС ОД РЕН – Овој рецепт е исклучиво за љубителите на ренот. Потребни состојки: 2-3 корења рен, 4 лажици говедска супа (може и коцка), 2 лажици кисело млеко, сол, масло, оцет по вкус. Постапка: Ренот исчистете го, изрендајте го ситно и прелијте го со супата.
Потоа додадете малку масло, посолете, додадете малку оцет по вкус, добро промешајте, а потоа додадете го киселото млеко. Ова е извонреден прилог со варено или печено телешко месо. Може да го приготвите и така што сите состојки ќе ги ставите на едно место, во блендер.
Во блендерот добро ќе ги измиксате состојките додека да добиете крем. За ренот се вели дека најдобро му се извлекува вкусот доколку се ренда во обратен правец, а да не се блендира. Некои не го откопуваат во месеците од април до септември, бидејќи се смета дека тогаш ја нема потребната силина, туку само во месеците кои ја содржат буквата Р.
Рецепт за совршен бел крем од рен, подобар дури и од купечкиот. Потребни состојки: 200 г рен, 1 лажичка шеќер, алкохолен оцет. Постапка: Ренот исчистете го од надворешната кора и исечкајте го на тркалца. Ставете го во мултрипрактик, блендер или сечко, и ситно сомелете го.
Ренданиот рен ставете го во теглички, додадете лажичка шеќер и околу една чаша оцет, во зависност од тоа колку сакате да ви биде густо. Брзо измешајте, израмнете и затворете ја тегличката. Може да се чува на темно место на собна температура до неколку месеци.
Вака ренот најмалку губи од јачината, бидејќи целата постапка се одвива во затворено, а нема ни солзи. Кога се купува ренот тој треба да има светла боја, кората да не му е испукана. Ренот не треба да се мие ниту да се соли, бидејќи за кратко време ќе ја промени бојата во сиво. Тоа се прави доколку непосредно ќе го послужите.