Сите ги сакаат кремастите и лесните колачи кои не одземаат многу време за подготовка, но сепак се многу вкусни, како да сте вложиле голем труд за нив. Ова е еден од тие колачи кој ме остави без зборови. Се задржав 20-тина минути во кујната и колачот веќе беше спремен. Сопругот ми се чудеше како толку брзо го направив.
Единствено што треба да се чека е да се излади во фрижидер. Колачот изгледа богато како да се прави од скапи намирници, а всушност се содржи од евтини состојки кои речиси сите ги имаме дома. Доколку сакате да се засладите со нешто вкусно и брзо во летните денови, овој рецепт е за вас. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: приближно 500 г петит бисквити, приближно 250 мл млеко, 1 лажичка инстант кафе. Овие количини се наменети за плех со димензии 20х30/13х18 см или слична големина. ЗА КРЕМ: 500 мл млеко, 3 лажици шеќер, 2 ванилин шеќер, 4 супени лажици густин или брашно, 2 лажици какао во прав
ЗА ЧОКОЛАДНИОТ ШЛАГ: 250 мл слатка павлака, 45 г чоколадо, малку инстант кафе. Доколку колачот го правите за деца, може да го изоставите кафето.
ПОСТАПКА: Подгответе си огноотпорен сад или друг правоаголен сад за колач. Доколку имате со флексибилен обрач, ќе биде уште полесно да го извадите колачот. Загрејте 1 чаша млеко да биде млако. Во млекото додајте 1 лажичка инстант кафе и промешајте до изедначување.
Кој не сака кафе, може да додаде нешто друго како ванилин екстракт, но не мора да се додава ниту тоа. Натопувајте ги бисквитите во млекото и редете ги во плехот. Наредете два реда така што основата ќе биде подебела и поцврста. Бисквитниот дел е омилен на многумина, па секако може да биде и во три реда.
Ставете ги бисквитите со садот во фрижидер за основата да се стегне. Кремот за овој колач е домашен, без купечки прашок за пудинзи, а на истиот начин се подготвува и чоколадниот шлаг.
ЗА КРЕМОТ: Во еден сад измешајте 3 лажици шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 4 лажици густин или брашно и 2 лажици какао. Соединете ги сувите состојки со жица или маталка.
Сипете 70-100 мл млако млеко во сувите состојки и енергично измешајте додека да се изедначи смесата и да нема грутчиња. Остатокот од млекото сипете го во тенџере и почекајте да зоврие. Во зовриеното млеко додајте ја смесата за пудинг преку сито за да се разбијат грутчињата.
Со константно мешање гответе на среден оган додека кремот да почне да се згуснува. Потребно е приближно 2-3 минути да готвите. Кога пудингот ќе се згусне веднаш прелијте го врз бисквитниот дел. Ставете сѐ во фрижидер додека кремот да се стегне. Кој сака може да стави путер во пудингот за да биде поцврст.
ЗА ЧОКОЛАДНИОТ ШЛАГ: Загрејте ја слатката павлака, па во неа додајте скршено чоколадо. Не промешувајте, почекајте 20-25 секунди за чоколадото да почне само да се растопува. Додајте малку инстант кафе, а потоа сѐ измиксајте во цврст снег и премачкајте врз чоколадниот крем.
Изладете го колачот добро пред послужување и декорирајте го со какао. Одлично одговара со шолја кафе. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.