Според Фeнг шуи, кората од портокалот може да послужи за чистење на домот од негативна енергија и на тој начин да се поврати хармонијата во него.

Потребни состојки:

3 свежи портокали
вода
стаклен сад и
свежо цвеќе

Постапка:

1.Излупете ги портокалите, земете ја кората, а плодовите изедете ги. Поделете ја кората на секој портокал на 9 парчиња. Ставете ги во сад и прелијте со врела вода до ¾ од садот.

2.Повторете ги следните зборови: “Со оваа церемонија се исфрла негативната енергија од мојот дом и се заменува со позитивна.

3.Садот ставете го на влезот доколку сакате да го исчистите целиот дом. Со таа вода попрскајте ја целата куќа и повторувајте ги зборовите од претходно. Поминете ги сите соби и не ги заборавајте плакарите.

4.Водата и корите фрлете ги, а плодовите од портокалите изедете ги заедно со вашето семејство.

5.После ова чистење, отворете ги прозорите и вратите за да се исполни домот со свежа енергија.

6.Поставете свежо цвеќе во средишниот дел од собата или домот.

Во текот на следните 9 дена трипати заменете го цвеќето.
Нека биде тоа на секои три дена, а последниот букет нека остане додека да свене.