Кифличките се многу вкусни и ровки.

Потребни состојки:

250 г путер или маргарин
300 г брашно (најдобро е половината да биде остро, а половината меко)
5 лажици ладна вода
1 лажица јаболкова киселина

за фил:

мелени ореви/лешници/бадеми
домашен мармалад

Постапка:

Се мати омекнатиот путер, се додава водата и оцетот, па постепено се додава брашното. Се добива убаво мазно тесто кое се остава завиткано во проѕирна фолија да одмори половина час во фрижидер.

За фил: мелените ореви се мешаат со џемот или мармаладот по желба.

Тестото се развлекува тенко, со дебелина од 2 мм, па се сечат квадрачиња 5х5 см и на секое се става по малку фил. Лесно со раката се свиткува во кифла.

Направените кифлички се редат во плех обложен со хартија и се печат во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути додека кифличките благо да заруменат.

Печените кифли се оставаат малку да изладат па се валкаат во шеќер во прав помешан со ванилин шеќер. Мене најубав ми е филот од мелени лешници помешани со мармалад од кајсии или мандарини.