Повеќе од осум илјади жени потврдија дека имаат белег, проверете дали и вие сте меѓу нив.
На интернет веќе со денови кружи една теорија за која се потврди, барем како што велат жените, дека воопшто не е теорија.
За што станува збор? Како што се тврди се смета дека наводно секоја жена има бенка или пега на областа од рачниот зглоб.
Твитер, но и Инстаграм “горат” со оваа информација и фотографии со кои жените ширум светот ја потврдуваат оваа теорија.
Се’ започна од девојата Ерин Витли, која на Твитер закачи неколку фотографии од различни жени кои имаат бенка на исто место.
-Жени, дали и вие имате бенка или пега или тоа е само мит?
ladies….. u got a freckle on the middle of ur wrist or is this a myth lmao pic.twitter.com/VpwkkeWKTj
— aaryn ✰ (@aarynwhitley) May 22, 2019
Поставеното прашање ја започнало лавина: преку илјадници жени ширум светот закачуваат фотографии од своите белези на рачните зглобови за да ја потврдат оваа теорија од која сите се вчудоневидени.
https://twitter.com/_brrandi99/status/1132848600273362945?s=21
Меѓутоа, нема простор за толку големо чудење, бидејќи факт е дека рацете, особено зглобовите, се најмногу изложени на сонце, каде најчесто доаѓа до промена во вид на бенка или пега.