„Сите лековити билки ни се дадени како поклон од природата. Јас не сум исцелител, но сум бесконечно среќен што имам можност да им помагам на другите. Затоа ги учам луѓето како сами да берат лековити билки, па така ќе има и повеќе за мене и за оние кои навистина им треба.“- вели Оливер Станојевиќ.




Оливер познава и користи 105 билки, а неговата колекција изобилува со илјадници рецепти. Живее на планината Тара и ова место не би го заменил со ниедно кралство на овој свет.

Неговите родители биле учители во мало село на левиот брег на Дрина, каде што неговиот татко одгледувал пчели. За жал од занаетот на неговиот татко не успеал да научи многу бидејќи си заминал од овој свет многу рано.




На прашањето што е најважно при берење на билките, Оливер одговори: „Билката се бере кога ќе процвета, кога е во полна сила, тогаш дава знак дека е подготвена. Коренот се бере доцна есен или рана пролет, бидејќи овој период се имаат собрано сите важни состојки за да се преживее зимата.




Лисјата никнуваат кога никнуваат, а најдоброто што го има растението се таложи во семето, точно за да преживее есента и да даде нов живот на пролет. Ја користам употребата на лековити билки пред се превентивно, за да можеме постојано да го надополнуваме и штитиме нашиот организам.




Ако замените само една шолја кафе со шолја чај, сте вовеле совршена навика која може да ви го продолжи животот. Како што не можете да ја запрете водата кога ќе прерасне во река, така и не можете да запрете болест кога ќе се појави. Но, можете да ја спречите додека е се уште поток. Секое растение има барем неколку, а често и десетици или повеќе нутритивни соединенија.




„Градот ме збунува и ме плаши бидејќи содржи огромна количина на испреплетени енергии, бучава, возбуда и немири. Кога ќе дојдам во град да ги посетам децата останувам кратко и завршувам што побрзо можам.




Многу луѓе кои дозволија да ги обземат новите технологии се иритирани од совршената едноставност на природата. Тие мислат дека не е ништо, само затоа што е едноставно и логично. Следењето трендови од сите области е императив што луѓето неуморно работат за да го постигнат, и тоа е невозможно, затоа што нè обзема огромна количина од сè.




Oмилена билка ми е ивината трева (Teucrium Montanum), можда заради тоа што е прва билка која почнав да ја користам, но и во изобилие ја има на планината Тара, но и кај нас постои верување кај нас дека ивиниот чај ги подига луѓето од постела (само немојте да го допирате коренот).




Ивината трева е митска билка, и во многу преданија е напоменато доколку човекот почна да “венее”, а не знае од што, треба да му се даде ивина трева. Сите знаеме која болест доминира во последните 50 години, па сам себе си дадов слобода да претпоставам дека одговорот може да биде токму во оваа билка.




Ивината трева расте во мали џбунови, има неверојатен мирис, а чајот е многу пријатен за пиење. Ете, можам да ви кажам дека ова е мојата омилена билка, а се надевам дека другите билки нема да ми замерат.” – вели Оливер.

Подготовка на чај: ,,Секоја билка во својот состав има изобилие од бројни состојки (во мешавините од чај има многу повеќе). Ако билката само ја прелиете со зовриена вода, од неа ќе ги извлечете само етеричните масла, но другите нутритивни вредни компоненти нема, бидејќи водата е слаб растворувач.




Затоа, доколку сакате да ја пресликате целосна билката во вашиот чај и ако вашата дневна доза е три шолји чај, ставете 3 супени лажици од чајот  за чај (за деца по 6 мали лажици) во 200 мл зовриена вода. После 15 минути, процедете, процедете го чајот.

А билките повторно вратете ги во тенџерето и прелијте со 200 мл ладна вода. По зовривање, оставете да врие уште 1 – 2 минути. Тргнете од оган, оставете да отстои уште 15 минути, па потоа процедете и помешајте со првиот дел од чајот.

Постапката се повторува уште по еднаш, билката се става повторно во тенџере и се прелива со 200 мл вода, се остава да зоврие, по зовривање да вари уште 20 минути, па се трга од оган. По отстојување 15 минути, се меша со другиот чај.

Тоа што го пиете вообичаено е неприближно од тоа што сте го набрале, доколку не го подготвувате чајот на овој начин.” – вели Оливер. Деталите од целата постапка за подготвување на чајот погледнете во видеото ОВДЕ.

Билкар Оливер Станојевиќ
Фото: Јутјуб принтскрин