Дали сте слушнале за библиотерапија: Експерите велат дека тоа е поделотворен метод за опуштање од медитација или прошетка. Оние кои патат од анксиозност треба да се опкружат со позитивна литература, пред да посегнат по лекови.
Ако сте под стрес, зафатете удобна положба, земете книга по избор, прочитајте барем неколку страници и ќе видите како организмот полека се враќа во состојба на хармонија.
Експертите тврдат дека читањето е неретко поделотворен метод за опуштање од медитација или шетање. Во Велика Британија докторите редовно им препорачуваат на своите пациенти кои патат од анксиозност да се опкружат со позитивна литература, пред да посегнат по лекови.
БИБЛИОТЕРАПИЈА – лекување со книги, е многу популарен метод во голем број земји и спаѓа во експресивни методи како што е танцување, пишување и музика.
Литературата, било која – од поезија, преку бестселери, историски романи до класици, ни помага подобро да се разбереме себеси и сопствените проблеми. Но, за да има ефект библиотерапијата, експертите велат дека е потребно лицето да помине низ неколку фази во текот на читањето.
*ПРОЕКЦИЈА: Неопходно е додека читаме да го преиспитаме личниот систем на вредности и одредени однесувања, споредувајќи го со оној од книгата.
*КАТАРЗА: Кога започнуваме да сочувствуваме со ликот од книгата, значи дека сме ги освестиле сопствените чувства и така сме започнале емотивно да се чистиме.
*УВИД: Во текот на читањето мора да стекнеме свест за некој внатрешен конфликт или конфликт со околината, бидејќи на тој начин ќе започнеме го решаваме.