Прекрасен човечки гест доаѓа од Њу Хевн во државата Конектикат (САД).
Бездомникот Елмер Алварез пронашол чек од 10.000 долари на улица и му го вратил на сопственикот. Тој воопшто не знаел што го очекува понатаму, само знаел дека го прави вистинското нешто.
Ниту една секунда не се двоумел – веднаш го побарал сопственикот и му се јавил за да го врати чекот онаму каде што припаѓа. Тој не знаел дека чекот и припаѓа на самохрана мајка, Роберта Хоски која работале како агент за недвижнини.
Кога отишла да го земе чекот очекувала дека ќе се сретне со некој човек во одело, но наместо тоа таа се сретнала со бездомникот Алварез кој и го подал пронајдениот чек. За да се осигура, средбата ја снимила, а за да го сподели своето изненадување и воодушевување, видеото го споделила на Фејсбук.
Таа била трогната од неговата човечност, па одлучила да го награди овој бездомник. Тој не очекувал ништо за возврат, а наместо тоа, Алварез рекол: „За мене најголемата награда беше кога видов колку таа таа се израдува“.
„Не знаеше кој е сопственикот на чекот, а не беше ниту свесен колкаво срце има“, рекла Хоски за него. Потоа таа му уплатила школо за агенти и му платила кирија за апартман за следните седум месеци, односно додека самиот да застане на нозе.
Тие сега заедно работат на заеднички проект, а целта им е да изградат центар за бездомни тинејџери и млади возрасни. Центарот би требало да им обезбеди разни услуги на бедомници, за кои Елмер рекол дека се клучни.
По некоја случајност, пред да се збогати Роберта и таа била била бездомник, самохрана мајка, но многу се трудела да излезе од таквиот живот и да успее.
Со изградба на Центарот таа сакала да му даде шанса на Елмер и другите да застанат на нозе и да го пронајдат вистинскиот пат во животот. Целата сторија можете да ја погледнете ОВДЕ.