Обичните брадавици претставуваат заразни промени на непокриените делови од телото а најчест причинител е вирусут од групата од папиломавирусите.
Инфекција се јавува преку директен контакт, и поретко, со индиректен контакт преку предмети или автоинокулација (кога вирусот на брадавицата ќе ја инфицира околната здрава кожа од истото лице). Време на инкубацијата трае од 1 до 18 месеци.
Брадавиците се тешки, полукружни јазолчиња со големината на семе од леќа, грашок или грав. Првично, тие имаат иста боја како на кожата, а потоа, поради хиперкератоза, тие добиваат жолта-сива боја. Нивната површина е нерамномерна и рапава. Тие се јавуваат поединечно или во групи (од 1 до 10 и повеќе).
Обично, нови брадавици (сателитски брадавици) се појавуваат околу веќе постоечката брадавица (примарна брадавица) која секогаш е поголема од сателитските брадавици.
Тие најчесто се јавуваат на дорзалната страна на рацете и прстите, најчесто кај децата и младите. Кај децата кои ги грицкаат ноктите, брадавиците можат да се појават под ноктите – субунгвални брадавици, кои е потешко да се третираат. Тие може да предизвикаат трајни промени на ноктите.
Нивните промени имаат тенденција за спонтано исчезнување. Сепак, по отстранувањето или спонтаното исчезнување, брадавиците може да се повторат.
Постојат некои домашни, народни лекови кои ќе ви помогнат да ги отстраните брадавиците на природен начин:
РЕЦЕПТ:
Потребни состојки:
100 мл оцет
Кора од 2 лимона
Постапка:
Кората од лимонот ситно исечкајте ја, или изрендајте ја.
Измешајте ги состојките а смесата складирајте ја во затворен стаклен сад да отстои една седмица.
Третирајте ги брадавиците со оваа течност неколку пати на ден.
По неколку дена, брадавиците ќе започнат да се сушат и ќе отпаднат.
Рецепт со лушпи од јајца за отстранување на брадавици
За подготовка на овој лек, ќе ви бидат потребни две свежи јајца, памук и завој/фластер.
Загрејте ја рерната на 250 степени во која ќе ги испечете лушпите од јајца околу половина час на хартија за печење.
Откако лушпите ќе изладат, ситно исечкајте ги/издробете ги, но најдобро би било ако можете да ги сомелете во прав.
Правот од лушпите од јајца чувајте го во сув, стаклен сад со капак.
Употреба:
Ставете поголемо количесто од овој прав врз брадавицата, одозгора нанесете памук и фиксирајте со фластер. Вака поставената облога менувајте секој трет ден, во време траење од 2-3 седмици додека да отпадне брадавицата.