БЕЗ ПУТЕР…Колачи кои се топат во уста…Брзи и лесни, многу вкусни…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 јајца
80 г шеќер
1/2 лажичка екстракт од ванила
1 прстофат сол
100 мл сончогледово масло
180 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
џем по потреба
кокосово брашно за валање
ПОСТАПКА:
Соединете ги јајцата со шеќер, ванила и сол, па додајте масло и брашно помешано со прашок за печиво. Мешајте со лажица додека да добиете хомогено, аморфно тесто (полутечно) без грутчиња.
Смесата сипете ја во готварска кеса, па истиснувајте мали топчиња врз плех обложен со хартија. Печете 15 минути во загреана рерна на 170 степени.
Џемот растворете го со малку вода за да биде течен, па кратко потопувајте ги колачите, спуштајте ги во кокосово брашно и спојувајте ги по две. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
СИТНИ КОКОС КОЛАЧИ…Со години ги правам, многу едноставни, мирисаат до моите соседи…