Многу вкусен и кремаст колач.
Потребни состојки:
500 мл млеко
500 мл слатка павлака за шлаг
12 лажици густин (110 г +-)
1 ванилин шеќер
100 г чоколадо за готвење
100 г бело чоколадо
4 лажици шеќер
1 кутија пишкоти или помало пакување бисквити во вријанта за торта или колач
Постапка:
Измешајте го млекото со слатката павлака, па од таа количина одземете 200 мл за да го промешате густинот со шеќерот.
Остатокот од течноста ставете ја на оган да се готви, па кога ќе зоврие сварете го во него густинот како пудинг.
Сварениот крем поделете го на два дела. Во едниот дел додадете искршено чоколадо и мешајте енергично за да се растопи, а во другиот дел додадете бело чоколадо, па исто така промепајте за да се растопи и соедини.
На дното од калапот за торти наредете ги пишкотите натопени во млеко или петит бисквитите, па веднаш премачкајте прво со темниот крем а потоа и со белиот крем.
Можете ако сакате да ги додавате наизменично кремовите и на тој начин да добиете мраморен ефект.
Оставете го колачот во фрижидер добро да излади, па уживајте во секој залак.