Адријана Лима користи еден рецепт кој неаодамна го објави а во кој се колне дека и помага во одржување на линијата.
Лима признава дека не постои магично стапче поради кое таа изгледа така добро и дека за извајано тело мора напорно да вежба, но нагласува дека хидратацијата и е најважна и дека со себе секогаш има неколку шишиња со вода.
Открива дека за одржување на линијата и подобро изведување на вежбите и помага едно супер смути од три состојки.
Откако ќе се разбуди Адријана за појадок го пие токму ова смути и го приготвува од органски намирници, па тврди дека поради него има рамен стомак. Вели дека токму ова смути и ја дава потребната енергија за да се разбуди и да може да издржи на тренинг.
Овој смути го забрзува метаболизмот и ве држи сити најмалку барем два часа:
Потребни состојки:
1 шолја вода
½ авокадо
Мед
Постапка:
Во блендер ставете шолја ладна вода. Преполовете го авокадото и во блендер ставете го авокадото. Блендајте додека смесата да се соедини и потоа додадете малку мед и уште малку блендајте.
Ако сакате вашето смути да има повеќе протеини, наместо вода ставете шолја млеко или половина шолја обичен јогурт.