Ова е еден од најздравите и највкусните појадоци, бидејќи во себе содржи витамини и минерали кои го подобруваат изгледот на кожата, косата, го нормализираат метаболизмот и го јакнат организмот.

Овој секојдневен појадок ќе ви помогне да се ослободите од сите заостанати нечистотии во организмот кој го блокираат и го спречуваат нормалното функционирање.

Ќе започне радикално чистење на цревата, особено го решава проблемот со мрзливи црева и опстипација. Го засилува процесот на согорување на масното ткиво и на тој начин ја нормализира телесната тежина.

После еден месец консумирање на овој појадок, без држење на никаква диета (се разбира без претерување во исхраната), со голема леснотија ќе ослабете 3-5 килограми кои не се враќаат.

Најголема промена се забележува во стомакот, односно тој се издушува како „дупнат балон“ и се израмнува.

Тенот на кожата, косата и ноктите ќе станат поздрави и поубави, а стомакот како што беше споменато претходно, полека ќе се „истопи”.

Потребни состојки:

300 мл кефир (или немасен јогурт)
2 супени лажици овесни снегулки
1 лажичка мелено ленено семе
1 лажичка какао во прав
5-7 суви сливи

Постапка:

Појадокот се приготвува навечер за следниот ден. Прелијте ги сливите со 100 мл врела вода. Поклопете и оставете 5-10 минути. За тоа време во чинијата ставете овесни снегулки, мелено ленено семе и какао.

Прелијте со кефир и добро промешајте. Набабрените сливи ситно исечкајте ги (може и во блендер како пире, во сечко или рачно) и додадете ги претходната смеса.

Добро промешајте и оставете во фрижидер. Наутро извадете го појадокот од фрижидер, оставете го малку на собна температура и уживајте во здравото и вкусно јадење.

Резултатите брзо ќе бидат видливи, а првите денови можно е да имате „интересни” „случувања“ во стомакот, но тоа ќе помине. Вашиот дигестивен тракт ќе започне да работи како часовник.

NMD.mk