БЕЗ БРАШНО! За 10 минути! Чаша јогурт и гриз, па цела планина вкусни крофнички се спремни за јадење!

Во денешниот свет со брзо темпо, брзите и лесни рецепти се спасувачки. Замислете дека имате желба за вкусна закуска, но немате време или немате брашно при рака…

Овој рецепт е спас за сите нас! За само 5 минути ги замешувате состојките, тестото го оставате да одмори 30 минути, а после тоа ви се потребни само уште 5-10 минути за да ги испржите…и добивате вкусни крофнички од неколку едноставни состојки. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
2 лажици шеќер
1 прстофат сол
250 мл кефир или јогурт
250 г гриз
1 лажичка сода бикарбона

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад изматете ги двете јајца со шеќер и сол, па додајте го кефирот и изедначете.

Потоа додајте го гризот и мешајте сè додека да добиете изедначена, хомогена смеса.

Садот покријте го со кеса или фолија и оставете да одмори половина час. По изминатото време додајте сода бикарбона и промешајте за да се распореди.

Добиеното тесто сместете го во готварска кеса за полесно истиснување и обликување на крофничките.

Маслото загрејте го на умерена температура, па пржете ги крофничките додека убаво да заруменат од двете страни.

Доколку црпите со лажица, тогаш пред секое црпнување од тестото натопувајте ја лажицата во топлото масло. Постапката погледнете ја ОВДЕ.