Фото и рецепт: Миа Ива
Ова ладно предјадење освен што убаво и весело изгледа, навистина ќе ги израдува и развесели вашите непца, на сите љубители на Руската и Француската салата им велам – ова е тоа, ама во “цврста состојба” : )
Потребни состојки:
500 мл јогурт
60 г желатин
200 г мајонез
1-2 варени јајца
100 г шунка
2 варени моркови
2-4 кисели краставички
малку свеж магдонос
сол по вкус
Постапка:
Загрејте го јогуртот и желатинот додека да се растопи (не дозволувајте да проврие).
Во топлата смеса додадете мајонез и малку сол, па добро изматете со миксер.
Додадете ситно сечкани јајца, морков, шунка и краставички.
Модлата/калапот натопете ја со ладна вода и наросете со ситно сечкан магдонос. Излејте ја смесата и оставете во фрижидер да се стегне, па следниот ден сервирајте по желба.
Јас не ставив магдонос, а наместо желатин ставив агр-агар (желатин од растително потекло).