Оваа бела торта е една од највкусните, наједноставните и најкремастите торти кои некогаш сум ги подготвила. Сѐ што е потребно е да редите и да премачкувате, а крајниот резултат е воодушевувачки.

Белиот чизкејк е основниот рецепт за сите останати вкусови, а мене ми е најубав бидејќи сите состојки меѓусебно си одговараат. Во продолжение може да прочитате уште еден рецепт за многу вкусна и кремаста торта со брза подготовка. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 150 г бисквити, 60 г растопен путер, 400 г крем сирење (маскарпоне), 150 г варено кондензирано млеко, 200 мл неутрален крем 33% мм, 100 мл млеко (1/2 чаша), 10 грама агар-агар (растителен желатин) или обичен, 120 г бело чоколадо, уште 40 мл неутрален крем 33% мм.

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 200 г несолено сирење (абц, маскарпоне или сл.), 200 г шеќер во прав, 200 г кисела павлака, 500 мл слатка павлака, 100 г сечкани бисквити, 140 г чоколадо, 100 г кикирики.

ВТОР РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Најпрво изблендирајте ги бисквитите во блендер на двапати доколку не ви ги собере сите заедно. Подобро е да ги поделите и посебно да ги блендирате бидејќи еднаш кога ги ставив сите одеднаш ми останаа мали парчиња бисквити кои воопшто не стигнале да се сомелат. Кога ќе ги сомелете префлете ги во еден сад и прелијте ги со претходно растопен путер.




Измешајте ја смесата до соединување додека да се направи погуста. Смесата префрлете ја во калап со димензии 20х15 см или некој со слична големина, важно е да биде со флексибилен обрач и одоздола да има поставено хартија за печење. Добро измазнете ја смесата за да биде рамна. Потоа подгответе го кремот:




ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ: Маскарпонето или крем сирењето ставете го во подлабок сад и одозгора прелијте го со варено кондензирано млеко и неутралната павлака. Изматете ја смесата со миксер до соединување на состојките. Половина чаша млеко извадете да отстои на собна температура и додека е млако во него ставете го агар-агарот или желатин.




Малку измешајте ја смесата и префрлете ја во тенџере додека малку да се згусне додека постојано мешате со лажица. Згуснатиот желатин ставете го во изматениот бел крем и уште малку изматете со миксерот. Вака подготвениот крем премачкајте го преку кората која претходно ја направивте и добро измазнете ја смесата.




На крајот растопете го белото чоколадо со неутралниот крем на пареа или директно на рингла и прелијте ја чоколадната глазура врз белиот крем. Вака подготвената торта ставете ја да отстои во фрижидер преку ноќ. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Крем сирењето заедно со шеќерот во прав убаво пенасто измиксајте ги. Потоа додајте 200 г кисела павлака и продолжете со миксање. Во друг сад со миксер изматете 500 мл слатка павлака за торти и колачи, додека да добиете цврст шлаг. Постепено соединете ги двете смеси и матете додека да се изедначат.

ВТОР РЕЦЕПТ




Во калап 22 см нанесете и израмнете една третина од добиениот крем. Наросете 50 г ситно издробени бисквити. Полијте 70 г растопено чоколадо, наросете 50 г издробени кикирики (несолени и истостирани). Нанесете ја втората третина од филот и израмнете. Наросете 50 г издробени бисквити, па полијте 70 г растопено чоколадо и наросете 50 г сечкани кикирики.

Нанесете го остатокот од филот, израмнете, наросете со малку мелени бисквити, па тортата ставете ја во замрзнувач најмалку три часа. Деталите од целата постапка за вториот рецепт може да ја погледнете во видеото ОВДЕ.