Рецептот е постар од мене самата, од мајка ми… го памтам уште од детството. Ова е вистинкиот мирис и вкус од детството!

Потребни состојки:

6 белки
200 г шеќер
150 г брашно
100 мл масло
150 г микс од сечкани ореви, сечкани суви кајсии и суво грозје
малку рендана кора од лимон

Постапка:

1.Изматете белки во цврст снег со постепено додавање на шеќер. Матете додека шеќерот целосно да се растопи.

Кога ќе добиете цврст снег додајте масло и изрендајте малку лимонова кора, па внимателно промешајте го и брашното со постепено додавање. Не се става прашок за печиво.

2.Мешајте со лажица, полека, со превртување за да се сочува пенливоста на смесата. На крај додајте го миксот од ореви и суво овошје и убаво изедначете.

3.Калапот за срнечки грб намастете го со путер и посипете го со брашно. Распоредете ја во него приготвената смеса и израмнете.

4.Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Проверете со стапче дали е готов.

5.Почекајте да излади, па потоа превртете го на чинија. За да се исече убаво, почекајте колачот целосно да излади. Одозгора посипете шеќер во прав.

Фото и рецепт Наталија/coolinarika.com