Потребни состојки:
500 г бел грав
250 г кромид (може и праз)
1 морков
1 сува пиперка
2 лажици брашно (може и пченкарно)
Сол, црвен пипер
Постапка:
Одвечер потопете го гравот во вода да преноќи.
Следниот ден процедете го, налејте друга вода и ставете да оган да проврие.
Повторно процедете го и налејте го со вода колку да биде прекриен.
Додадете сечкан кромид, морков, сува пиперка и варете додека гравот добро да омекне.
Во малку вода разматете брашно, додадете малку црвен пипер, па сето тоа додадете го во гравот што врие, па додадете сол по вкус и тргнете го јадењето од оган за да не загори.