Home Рецепти Ниеден празник не поминува без овие ситни колачи кои сите ги сакаат…Беќарски...

Ниеден празник не поминува без овие ситни колачи кои сите ги сакаат…Беќарски коцки, многу вкусен колач

Фото и рецепт: Сибинка. Овој прочуен старски колач е еден од најубавите рецепти напишан за „ситни колачи”, идеален за слави, родендени и други празници. Порано се приготвуваше со особено задоволство, зашто сите очекуваа да ги има на трпезата. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

4 помали обланди (или 2 големи, па преполовете ги)

I ФИЛ:

200 г суви смокви
100 г суво грозје
1 постокал – сок
50 -100 г шеќер во прав по вкус

II ФИЛ:

200 г мелени ореви
100 мл врело млеко
100 г шеќер во прав
1 лажица рум

III ФИЛ:

4 жолчки
100 г шеќер во прав
½ лимон – сок
150 г путер/маргарин

За глазура:

100 г чоколадо за готвење
10 лажички масло

Постапка:

Прв фил: Смоквите, сувото грозје заедно со сокот од портокали сомелете ги (најдобро во блендер), па на крај додајте шеќер.

Втор фил: Измешајте го врелото млеко со ореви, шеќер и рум.

Трет фил: Жолчките изматете ги со шеќерот додека да запенат убаво, па сварете ги на пареа додека да згуснат како крем, па тргнете од оган и оставете да излади. Потоа додајте сок од лимон и изматен путер кој исто така претходно омекнал на собна температура.

Редење: обланда – 1.фил – обланда – 2.фил – обланда – 3.фил – обланда.

Оставете малку да се стегне па потоа прелијте ја одозгора со глазура.

Напомена: Во филот со смокви ставете шеќер по вкус. Јас ставив 50 г зошто сувите смокви беа доста слатки, а вие ставете по сопствен вкус.

Фото и рецепт: Сибинка