Кога немате многу време или едноставно, не ви се останува во кујна со часови за да приготвите еден колач, тогаш сетете се на овој рецепт од нашите баби, кој е е еден од најдобрите. Колачот со џем се приготвува многу брзо и лесно, а има неодолив вкус. Вториот рецепт е сличен на првиот, но содржи јајца, а мерките се со чаша и лажица. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за плех 25х25 см): 200 мл сончогледово масло за готвење, 350 г шеќер, 350 мл млеко, сок и рендана кора од 1 лимон, 450 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво (12 г), 28 г какао во прав, 90 г џем по желба и шеќер во прав за наросување
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за плех 25х35 см и се мери со чаша од 250 мл): 3 јајца, 1 чаша шеќер, 1 чаша млеко, 1 чаша масло, 1 чаша гриз, 1 чаша брашно, 1 чаша мелени ореви, 1 чаша џем по ваш избор, 1 кесичка прашок за печиво (10 г)
ПОСТАПКА за рецепт 1: во подлабок сад сипете ги маслото и шеќерот, па пенасто изматете ги 2-3 минути со миксер додека шеќерот започне да се растопува. Потоа, во тенок млаз на неколку наврати додајте го млекото додека непрекинато матите.
Кога шеќерот ќе се растопи додајте го сокот и ситно изренданата кора од еден лимон и продолжете со матење. Во посебен сад просејте го брашното и помешајте го со прашокот за печиво, а потоа и со какаото во прав.
Во течната мешавина додајте го џемот и матете додека тој да се изедначи, а потоа постепено, на неколку наврати додајте ја мешавината од сувите состојки. Цело време матете со миксерот за да не се формираат грутчиња. Треба да добиете густа, компактна, мазна и хомогена смеса.
Јас на крајот сакам да промешам и со кујнска шпатула за да бидам сигурна дека сите грутчиња се разбиле и не е ништо залепено за дното на садот. Плехот со димезнии 25х25 см (или приближно) обложете го со хартија или намастете го и набрашнете го, па сипете ја во него приготвената смеса.
Со дрвена чепкала прошарајте ја смесата со спирални движења за да се разбијат евентуалните воздушни меурчиња и дополнително протресете го и потчукнете го плехот од масата. Ова е добро да се направи за да не се рони колачот и да се сече на совршени коцки.
Колачот ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени и печете приближно 40 минути, но проверете со чепкалка, зашто сите рерни различно печат. Печениот колач оставете да се олади, па наросете го со шеќер во прав и исечете го на коцки. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ, а постапката со видеопрезентацијата од вториот рецепт можете да ги погледнете ОВДЕ.