„Анатомија на меланхолијата“ на Роберт Бартон можеби е напишана во 1621 година, но нејзиното револуционерно разбирање за човечката природа останува исклучително модерно до денес.
Зборовите на Бартон можеби датираат од некое минато време, но неговата збирка теории за причините, симптомите и третманот на меланхолија се сè уште корисни и релевантни денес. Ако самосвесноста, активноста, природата, заедницата и читањето функционирале за луѓето пред 400 години, зошто да не функционира тоа и денес?
Тој добро ја познавал оваа тема, бидејќи и самиот стра-дал од „меланхолија“: нару-шување за кое се смета дека вклучува потиш-теност, депре-сија и инерција. Toj e познат по неговата книга, „Анатомија на меланхолијата“, a ние ви издвојуваме некои од неговите совети:
СЛЕДЕТЕ ГО СОПСТВЕНОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ
Бартон теоризирал дека меланхолијата е „наследна болест“. Но, не само генетските обрасци се корисни за предвидување на мен-тални заболувања: ние исто така можеме да ги проучуваме моделите на нашето сопствено однесување.
Денес, свесноста на Бартон може да се смета за витално средство за контрола на мен-талната болест: ако можеме да ги набљудуваме промените во нашето рас-положение и однесување, можеме да управуваме со надворешните фактори кои придонесуваат за нив.
ПРЕДНОСТИ НА ЛАДНАТА ВОДА
Во книгата, Бартон собрал огромен спектар на идеи и текстови напишани од други познати писатели. Предностите на пливање на отворено, „во слатководни реки и ладна вода“ беше една таква теорија што ја вклучил, а на овој начин ги советувал сите што сакаат да живеат долг живот.
„Додека полека се навикнувате на шо-кот од студената вода и почнувате подобро да се справувате со него физиолошки и на клеточно ниво, во исто време се намалуваат воспалителните реакции на други видови шо-кови и с тресови во основата на феномени како што е депре-сијата,“ вели д-р Мајк Типтон.
ОСТАНЕТЕ ВО БЛИЗОК КОНТАКТ СО ПРИРОДАТА
Па, што ако живеете во градот? Одете во парк, одгледувајте растенија во станот или гледајте ги птиците од прозорецот или балконот. Природата, за Бартон, била клучна за ублажување на симптомите на меланхолија. Тој исклучиво ја ценел вредноста на билките и цвеќињата за чистење на менталното замаглување, чистење на вените од меланхолија и бодрење на срцето.
Професорот Симон Хисок, директор на ботаничката градина Оксфорд, вели дека растенијата како што е боражот (лисичинка) се користат за лекување на меланхолија, возне-миреност и депре-сија уште од античко време. Тој, исто така, тврди дека оваа билка им ја давале на римските вој-ници во вино со цел да добијат храброст во бит-ките.
КОГА ГО СПОДЕЛУВАТЕ ПРОБЛЕМОТ, ГО ПРЕПОЛОВУВАТЕ И ПОЛОВИНА СЕ СМЕТА ЗА РЕШЕН
Бартон предложувал: „Бидете во друштво на пријатели чии шеги и радости можат да ве направат среќни“. „Најдобар начин да се ослободиме од бе-дата е да се искажеме на некој наш пријател, а не само да го чуваме проблемот во нашите гра-ди.“
Интроспекција и изо-лација се вообичаени однесувања кај луѓето кои стра-даат од депре-сија. Ако му кажете на докторот за вашето л ошо рас-положение, би очекувале тој да ви препише антидеп-ресивна терапија.
Но, дали знаевте дека во земји како Данска, Канада и Велика Британија, лекарите сега препишуваат „рецепти за дружење“, како што се часови по сликање, посети на музеи или групни прошетки?
ИМАЈТЕ РАМНОТЕЖА ПОМЕЃУ РАБОТАТА И ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ
Немојте да бидете неактивни, но не работете премногу напорно. Теоријата на Бартон била дека премногу време поминато на читање и пишување книги или посветување на работата значи дека автоматски не се посветува доволно време за други практики за кои се знае дека се добри за мен-талното здравје, како што се вежбање, спиење и дружење. Учете, работете, но не ги занемарувајте другите активности кои го хранат здравиот ум.