Балеринки од моето детство…Се печат во рерна и многу се вкусни, моите омилени колачиња од кога памтам за себе…
Еве што ви е потребно за „Балерини од детството“ според рецепт на Петиа Радева:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл):
250 г крем сирење (или несолена урда)
250 г путер или маргарин на собна Т
3 чаши брашно
2 кесички ванилин шеќер
ПОСТАПКА:
Замесете меко тесто и оставете го да отстои околу 20 минути во фрижидер за да се стегне, а може и 24 часа.
Се дели на 2-3 дела и секој се обликува во топка, па се развлекува во тенка кора. Со чаша или модла вадете тркалца, па валајте ги во кристал шеќер. Потоа превиткајте ги на 4 и малку притиснете ги (да добиете форма на здиплен триаголник.
Балерините наредете ги во плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 170 степени додека да заруменат.