Потребни состојки:
4 јајца
2 шолји шеќер
1 шолја масло
1 шолја млеко
1 шолја гриз
1 шолја остро брашно
2 шолји мелени ореви
За шербет:
500 мл вода
2 шолји шеќер
Постапка:
Пенасто изматете ги јајцата со шеќер па додадете ги останатите состојки.
Смесата излејте во намастен и набрашнет плех и печете на 200 степени околу половина час.
Врелиот колач прелијте го со шербетот.
За шербет: зовијте ја водата со шеќерот и варете додека шеќерот целосно да се растопи.
Наросете со мелени ореви.
Се користи шолја од 200 мл.
Јас правав половина од количината па ми излезе потенка.