Потребни состојки за кора:​

6 јајца

6 лажици шеќер

6 лажици мелени ореви

5 лажци брашно

½ прашок за печиво

300 мл фанта

Потребни состојки за 1.фил:

300 г мелена плазма

100 г чоколадо

200 мл фанта

½ коцка маргарин (½ од 250 г)

50 г шеќер во прав

Потребни состојки за 2.фил:

200 г мелени ореви

100 мл млеко

½ коцка маргарин

50 г шеќер во прав​

Потребни состојки за 3.фил:​

750 мл млеко

3 пудинзи од ванила

½ коцка маргарин

50 г шеќер од прав

300 г шлаг

Постапка:​

1.6 белки со 6 лажици изматете со миксер да добиете цврст снег. Потоа додавајте една по една жочка и со постојано миксање. Рачно со лажица додадете 5 лажици брашно, 6 лажици мелени ореви и внимателно измешајте.

2.Добиената смеса за кора печете ја на 180 степени, околу 20 минути. Кога ќе излади натопете ја со 300 мл фанта.

3.Половина маргарин изматете пенасто со 50 г шеќер во прав, па потоа додадете 100 г стопено чоколадо, соединете, па додадете 300 г мелена плазма и 200 мл фанта. Измешајте убаво за да добиете хомогена смеса.

4.200 г мелени ореви прелијте со 100 мл врело млеко. Кога ќе излади измешајте со ½ пенесто изматен маргарин со 50 г шеќер во прав.​

5.500 мл млеко ставете на оган да зоврие, па сварете трите пудинзи разматени во 250 мл млеко. Сварениот пудинг соединете го со изматен ½ пудинг и 50 г шеќер во прав. Добиениот фил поделете го на два дела.​

6.Преку натопенатата кора ставете го филот со плазма, потоа ½ од филот со пудинг, па филот од ореви и вториот дел од пудингот. На крај филувајте со шлаг.