БАБИНИ БРЗИ КОЛАЧИ СО ЏЕМ…Со жешка вода…жешки колачи…Посни! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (мала чајна чаша од 120 мл):

1 кесичка ванилин шеќер (8 г)
1 чајна чаша жешка вода (120 мл)
1 чајна чаша масло (120 мл)
280 г брашно
1 кесичка прашок за печење (10 г)

За фил:
50 г џем по избор
100 г шеќер во прав – за валање
Се печат на 200 степени, 15 минути

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад помешајте врела вода, масло и ванилин шеќер.

2.Сипете половина од брашното и помешајте со лажица.

3.Постепено додајте го остатокот од брашното и замесете со рака, додека да добиете фино, меко тесто кое не се лепи и лесно се обликува.

4.Кинете топчиња од тестото, сплескувајте ги на дланка и полнете ги со џем.

5.Повторно затворете ги и обликувајте ги топчињата, па наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

6.Печете ги во загреана рерна на 200 степени, 15 минути.

7.Додека се жешки/топли колачите валајте ги во шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.