БАБИН ОРЕВОВ РОЛАТ…Колач за секој ден…сите го бараат токму ОВОЈ рецепт…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 жолчки
3 големи супени лажици шеќер
2 прстофати сол
4 лажици масло
1 лажица милерам павлака
300 мл топло млеко
10 г свеж квасец (или 7 г сув)
500 г меко брашно
За фил од ореви:
300 г мелени ореви
100 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
200 мл врело млеко
(На баба ми рецептот има 500 г ореви и 150 г шеќер, јас малку намалив)
ПОСТАПКА:
1.Јајцата оенасто изматете ги со шеќерот и ванилата, па кога ќе се изедначи додајте масло, лажица павлака и млеко. Загрејте го на ниска температура за да биде млако (никако врело).
2.Додајте го квасецот и 300 г брашно и сето изедначете го. Покријте и оставете на топло место за да ферментира и да запени.
3.Штом го зголеми волуменот додајте го остатокот од брашното, замесете фино меко тесто, покријте го и оставете го повторно да ферментира и да го зголеми волуменот.
4.Потоа истресете го на набрашнета површина, малку премесете го (треба да остане меко), обликувајте топка и поклопете го со садот или со кеса, да одмора додека го приготвувате филот.
5.Измешајте ги мелените ореви со шеќер и ванилин шеќер и прелијте ги со врело млеко. Додајте и малку лимонов сок за да не потемнат оревите, но тоа е по желба.
6.Тестото можете да го поделите на 2 или три дела, во зависност од тоа колку ролати сакате и со која големина.
7.Развлечете правоаголни кори, премачкјате ги со фил преку цела површина и свиткајте ги ролатите без премногу да ги стискате.
8.Редете ги во намастен плех со путер, па ставете ги во ладна рерна да се печат која ќе ја вклучите на 150 до 180 степени, приближно 30 до 40 минути.
9.Откако ќе заруменат, покријте ги со фолија за да не изгорат премногу одозгора. Кога ролатите ќе ги извадите од рерна, премачкајте ги со путер. Изладете малку, па свиткајте ги во крпа и така оставете ги да се оладат до крај.
Не се чуваат во фрижидер, туку само завиткани во проѕирна фолија за да ја задржат мекоста. / Сooliranika.сom