Марина вели дека нејзината баба била долговечна благодарение на природните лекови
Познатата уметница Марина Абрамовиќ се присети како нејзината баба имала природен лек за сè – користела оцет и лук за настинки, бришела мозолчиња со лук, а мигрената ја лечела со сирово месо.
Марина Абрамовиќ деновиве ги понудила на продажба своите производи за долговечност. Во нејзиното најново видео, создадено за да ги промовира овие подготовки, таа се навраќа на сеќавањето на лекциите на нејзината баба.
Според неа, бабата преживеала повеќе од сто години благодарение на природните лекови за телото и умот.
„Потекнувам од комунистичко семејство од поранешна Југославија. Детството го поминав со баба ми која беше длабоко духовна. И научив толку многу од неа за старите ритуали.
Се сеќавам дека беше многу едноставно. Ако настинев, ќе земеше оцет и многу лук и ќе ме истриеше со смесата, ќе се испотев, а следното утро ќе се разбудев здрава.
Потоа, во еден период имав мозолчиња, а таа само ќе исечеше кромид, ќе го ставише на мозолчињата и тие ќе исчезнеа.
А кога имав мигрена, таа земаше сиров стек и ми го ставаше на глава“, вели Марина, а потоа се осврна кон анегдота која сугерира третман кој целосно ги отстранува брчките од лицето за 10 минути – но кој трае само еден час и 10 минути.
„Исто така, се сеќавам кога посетив една стара оперска пејачка и таа сакаше да ме однесе на забава. Вареше 6-7 компири. Ја прашав што прави, таа рече: „Се подготвувам за забава.“
Ги зеде компирите, уште многу топли, ги завитка во крпа и ги стави на лицето. Ги задржа можеби 10 минути, а кога ја тргна облогата, бев апсолутно импресионирана, немаше ниту една брчка на нејзиното лице.
Таа рече: „Сега одиме на забава, но мораме да заминеме од таму по еден час и 10 минути“.
Прашав зошто. „Затоа што тогаш брчките ќе се вратат.“ Се сеќавам дека отидов на таа забава, како да бев со Пепелашка која ќе се претвори во тиква“, се сеќава уметничката.
Потоа се вратила кај нејзината баба која, како што тврди Марина, која доживеала 103 години. Србинката која светот ја обожава сега продава препарати со кои планира да живее 110 години
„Еден ден ни рече на сите: „Знаете што – уморна сум, сакам да умрам“. Но, сакам да умрам за викенд кога сите се дома.“ Си помислив: „Леле, како може да предвиди такво нешто.“
И сите дојдовме кај неа за викенд, таа зготви ручек, отиде во спалната соба, запали свеќи, легна во кревет, ги прекрсти рацете и заспа во длабок, здрав сон. Два часа подоцна се разбуди гладна.
Таа не умре тој викенд и се смеевме на нејзините планови за умирање. Но, таа не сакала да го напушти креветот и подоцна умрела во сон.
Размислував многу за таа древна мудрост за телото, за умот и за тоа колку можеме да научиме од постарите генерации и заборавените ритуали.
Мислам дека е време да се вратиме во минатото и да создадеме нов концепт на долговечност“, вели Марина Абрамовиќ во видеото кое брзо почна да се споделува на мрежите. Видеото погледнете го ОВДЕ.