Природна помош кај артроза на колено: Ако имате болка во коленото, а немате оток, ќе ви помогнат овие народни лекови од костен, гавез, коприва или бозел. Употребете она што имате или што најмногу ви одговара. Сите лекови се проверени и ефикасни.

Во лековитите билки се крие помошта за артроза на колено. Применете некои од природните решенија и ослободете се од болката.

МАСТ ОД ГАВЕЗ

На тивок оган растопете 250 г несолена свинска маст или маргарин, па додадете една полна рака ситно исечкан корен од гавез. Мешајте половина час. Тргнете од оган, поклопете и оставете да преноќи. Наутро малку загрејте ја маста колку да се растопи, па процедете и чувајте во фрижидер. Мачкајте ги болните места навечер пред спиење, фиксирајте ги во пластична кеса или фолија, па затоплете со волнен шал.

КОМБИНАЦИЈА ОД МЕД И ЈАБОЛКОВА КИСЕЛИНА

Измешајте еднакви делови од мед, брашно, јаболкова киселина и комова или сливова ракија. Мешајте додека да добиете изедначена смеса, а потоа нанесете ја на болното колено и свиткајте со проѕирна фолија и фиксирајте со шал. Оставете да делува преку ноќ. Повторувајте 10 дена. Јаболковиот оцет и медот ја отстрануваат болката и ја подобруваат мобилноста на зглобот.

ГЛИНА И ЛИМОН КАКО ЛЕК

Излупете два лимони, отстранете им ги семките, а потоа сомелете ги и додадете 4 лажици глина и 1 белка од јајце. Мешајте додека да се добие изедначена смеса со густина на павлака, а потоа излејте ја врз густа газа или памучна крпа, па ставете на болното место. Фиксирајте со пластична кеса/фолија и топол шал, да делува преку цела ноќ.

АЈДУЧКА ТРЕВА И ЧИЧОК

Измешајте по 4 лажици чичок и ајдучка трева и по 2 лажици росопас и бенедиктански трн. Две лажици од мешавината прелијте со 250 мл зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои половина час. Процедете и пијте на секој час по две голтки. Терапијата трае две седмици.

ТИНКТУРА ОД ДИВ КОСТЕН

Наполнете една стаклена тегла со искршени диви костени и прелијте со домашна ракија. Затоврете ја теглата и оставете на отстои на собна температура три седмици. Процедете и натопете памучна крпа, ставете ја на болното место како облога и фиксирајте со пластична фолија и шал. Оставете да делува преку ноќ. Повторувајте три седмици и артрозата на коленото ќе попушти.

КОЊСКО ОПАВЧЕ И КОПРИВА

Една лажица коњско опавче прелијте со 200 мл зовриена вода и оставете поклопено да отстои половина час. Процедете и пијте пред појадок. Во текот на денот пијте го следниот чај: прелијте лажица коприва со 200 мл врела вода и оставете поклопено да отстои половина час. Процедете и пијте по три до четири шолји чај дневно во текот на три дена, а потоа направете пауза од четири денови, па повторете и болките во коленото ќе исчезнат.

КАМИЛИЦА И БОЗЕЛ

Измешајте по три лажици камилица и бозел, па заедно ставете во памучна вреќичка. Добро врзете ја и оставете ја неколку минути во зовриена вода. Потоа извадете ја и оставете ја да излади, а потоа ставете ја како облога на болното колено. Фиксирајте со пластична фолија и шал. Оставете да делува најмалку 2 часа. Повторувајте десет дена.