Потребни состојки:
Кора: (х3)
3 белки
3 лажици шеќер
50 г мелени лешници или ореви
½ лажица брашно
за крем:
1 литар млеко
9 жолчки
100 г шеќер
3 лажици брашно
3 кесички пудинг од ванила (3х40 г)
300 г млечно чоколадо со сечкани лешници
300 г бело чоколадо
250 г путер или маргарин
500 мл слатка павлака за шлаг
Постапка:
За кори: изматете ги белките во цврст снег со постепено додавање на шеќерот. Со лажица додајте го брашното и мелените лешници. Мешајте бавно за да остане смесата пенлива. Испечете ги корите во загреана рерна на 180 степени.
За крем: жолчките, шеќерот, брашното и пудинзите сварете ги во млекото и кремот поделете го на два дела.
Во еден дел додајте чоколадо со лешници, а во друг бело чоколадо. Мешајте додека чоколадото да се растопи и соедини со кремот.
Кога кремите ќе изладат, во секоја додајте половина путер омекнат на собна температура и пенасто изматен, па премачкајте ги корите. Украсете по желба.