Пулмо Микс – (за белодробни заболувања како што се инфекции, туберкулоза, астма, кашлица, исфрлање на слуз, пневмонија): 30 г изоп, 30 грама мајкина душица, 30 г анасон, 30 г плуќнак, 30 г босилек, 30 г клека бобинки (доколку лицето има проблеми со бубрезите како што е воспаление, извадете ја клеката од миксот), 20 г жалфија, 20 г ѓумбир во прав и 20 г каранфилче мелено
Сè заедно се меша па 2 супени лажици од смесата се попарува со 500 мл зовриена вода отстојува 20-30 мин поклопено, потоа се цеди и пие по 2 – 3 шолји на ден. Во чајот може да се додаде 20 капки тинктура од прополис или 20 капки тинктура од Сремуш. Се пие 7 дена со 2 дена пауза.
АНТИВИРУСЕН Е ЛИКСИР: „Е ликсирот е толку многу силен што нема вирус кој може да остане непониш-тен, а од сите рецепти овој дава најдобри резултати” – вели Мартин Најдовски и објаснува:
„Помага кај први симптоми на затнат нос, одличен е за бели дробови, односно за секој вид респираторни заболувања, грип, настинки, инфекции од секој вид вируси, бактерии и паразити.
После долго користење на истиот, би сакал да го препорачам за сите оние кои можат да си го приготват”, вели Мартин Најдовски.
„Јас го приготвувам за себе во поголеми д ози, но ова е оригиналниот рецепт, па доколку и вие сакате да ја зголемите д озата, сразмерно зголемете ги и количините на состојките”, објаснува Мартин и го открива рецептот:
Потребни состојки: 2 литри домашна јаболкова киселина, 1 шолја од 200 мл црна трупка рендана, 1 шолја рендан рен,1 шолја рендан кромид, 2 цели главици лук, пожелно да биде органски и тогаш се става заедно со лушпата, крупно исечен, а доколку немате органски лук, тогаш купечкиот излупете го и исечкајте го.
Во смесата уште се потребни: 3 супени лажици смрекинки (клека, бобинки од смрека), 2 супени лажици шипинка мелена и 2 супени лажици лута пиперка ситно сечкана.
Постапка: сите состојки се мешаат во голема стаклена тегла и се прелеваат со јаболковата киселина. Отстојува 10-15 денови по што се процедува низ газа.
Употреба: Се користи по 30 капки трипати дневно уште при првите симптоми на болеста. Кај напредната фаза на болеста се зема по 1 кафена лажичка наутро после појадок и навечер после вечера. Лекот е потребно да се раствори во вода. Се консумира 2 седмици со 1 седмица пауза.
Доколку имате било какви прашања во врска со подготовката на овој елик-сир, можете да го прашате Мартин на неговата страница Лилма. Сите намирници кои се наведени во рецептот можете да ги најдете во свежа форма на пазарите, додека смрекинките и шипинката – од Билна аптека.
СЛАТКА ПАПРАТ: Оваа билка е билка број 1 кога станува збор за респираторни заболувања. Се употребува кај бронхитис, бронхопневмонија, астма и сува кашлица.
Освен што се користи за заболен респираторен систем, оваа билка дава исто така, одлични резултати и за лекување на п ушачка кашлица, за чистење на белите дробови од н икотин, односно после откажување. Оваа билка е толку ефикасна што може да помогне и кај почетен стадиум на туберкулоза.
Слатката папрат исто така, во народната медицина се употребува и кај разни видови на алергии, проблеми со црн дроб, подобро лачење на жолчката, бубрези и друго. Нешто послабо се употребува и листот, особено кај реума и ревматични болки.
Помага и кај катар, отвора апетит, отечена слезина, за намалување на притисокот бидејќи делува диуретично. Надворешно се користи во форма на мевлем или облоги за ра-ни и испу-кана кожа.
Чај: 1 супена лажица полна, отстојува во 500 мл млака вода, одвечер. Стои 8 до 12 часа поклопено, пред да се пие се загрева малку, се процедува и се пие по 2 – 3 шолји на ден, 30 мин пред јадење.
Чај за алергии: 50 грама коприва и 50 грама слатка папрат се мешаат. 2 супени лажици од смесата се прелеваат со 500 мл зовриена вода отстојува 20-30 мин поклопено, потоа се цеди и пие по 3 шолји на ден. Се пие 2 недели па 1 недела пауза.
Бронхо чај (кашлица, бронхитис). Потребни состојки: 30 г слатка папрат корен, 30 г жалфија, 20 г анасон, 20 г синап бел (ако нема синап се заменува со ѓумбир), 10 г мајкина душица и 10 г лист слаткарче
Сè се меша заедно па 2 супени лажици од смесата се прелеваат со 500 мл зовриена вода отстојува 20-30 мин поклопено потоа се цеди и се пие по две до три шолји на ден половина час пред јадење. 7 дена со 2 дена пауза.
Лек за чистење на белите дробови од н икотин (за п ушачи). Потребни состојки: 100 г мед, 100 мл сок од лимон, 50 г корен мелен од слатка папрат, 100 г мелени бадеми, 100 г таан, 100 г ореви мелени. Постапка: сè се измешува заедно и се јаде по 1 супена лажица 3 пати на ден, 30 мин пред јадење.