„Рецептот за овој лек го добив од пријателка бидејќи имав проблем со црниот дроб. Многу беа лоши резултатите и морав нешто да преземам. Откако почнав да го користам лекот, почнав да забележувам промени кај мене.
Видот ми се подобри, почнав да се чувствувам повитално, имав помалку болки во телото, имав повеќе енергија, кожата ми заблеска, косата ми се згусна и доби сјај, а сите околу мене почнаа да ми даваат комплименти. Поблиските пријатели мислеа дека моето подмладување се должи на некој скап козметички третман и затоа сакам јавно да го споделам рецептот.“ – вели нашата читателка.
Постојат природни и ефикасни методи за подмладување и не мора секогаш да се користат скапи козметички препарати и уште поскапи и ризични хируршки зафати.
Подмладувањето на лицето, телото и целиот организам не може да се состои само од козметички процедури. Најдобро е да се комбинираат различни методи за подмладување кои даваат извонредни резултати: правилна исхрана, одговарачки телесни вежби, природна нега и духовно задоволство.
Сигурно сте забележале дека постојат жени кои изгледаат за 10, 15 години помладо, а кои не се подложиле на естетски зафати.
Една госпоѓа која сака да остане анонимна, ни ја открива својата тајна за продолжена младост: таа тврди дека после користењето на овој еликсир и се подобрил видот (од диоптрија -3 на -1), кожата и станала мазна и еластична по целото тело, а косата погуста. И што е најневеројатно- косата престанала да и белее.
Еликсирот содржи ленено масло, кое е билен хормон; ленот содржи линолна (омега-6), олеинска (омега-9) и палмитинска масна киселина, а повеќе од половината масти содржани во ленот се сочинети од алфалиноленска киселина (омега-3) со што лененото семе претставува најбогат билен извор на омега-3 масни киселини (двојно повеќе од рибиното масло).
Еликсирот всушност го прочистува црниот дроб.
ЕЛИКСИР НА МЛАДОСТА-РЕЦЕПТ:
За приготвување на еликсирот на младоста ќе ви бидат потребни следните состојки:
100 мл ленено масло
2 лимони со средна големина
1 голема главица лук
0,5 кг мед
Постапка:
Лимоните оставете ги да отстојат 15-тина минути во солена вода. Измијте ги добро, а едниот од нив излупете го. Лукот исчистете го на чешниња, па заедно со исечканите лимони ставете ги во блендер и миксајте додека да добиете еднолична смеса.
Добиената смеса помешајте ја со медот, додадете го и лененото масло, па повторно сето измешајте го до изедначување.
Чување: во стаклена тегла, во фрижидер.
Употреба: трипати дневно по 1 лажица, половина час пред јадење.